pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 120.6585
USD 104.8202
CHF 109.6397
GBP 136.4915
CAD 83.0352
HRK 16.2663
BAM 61.6917
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
16.07.2017.Makfax Macedonia

Министерството за финансии ја презема иницијативата за PayPal

Министерството за финансии ја презема иницијативата за PayPalМинистерството за финансии официјално ќе се обрати до PayPal за да ја отпочне постапката за воведување на услугата „прием на пари” во Македонија преку платежниот сервис PayPal. Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања. Ова е заклучокот од  вчерашната работна средба во Министерството за финансии.  

„Добро е да се почне со PayPal бидејќи овој сервис е широко распространет, нуди сигурност на купувачите и со тоа македонските производи и услуги стануваат поатрактивни, и може да се продава дури преку електронски пораки”, изјави Венко Глигоров, водач на иницијативата за PayPal и управител на Логин Системи.

„На македонскиот претприемач треба да му биде едноставно и ефтино својот производ или услуга да ги понуди на светскиот пазар. Десетте најпопуларни веб решенија за електронска трговија во светот имаат можност за сервисот PayPal. Покрај воведувањето на услугата, институциите може да направат популаризација за овие можности во македонската економија”, додава тој.

На средбата која се одржа во Министерството за финансии, присуствуваа претставници од Министерството за финансии, Народната банка, министерствата за економија и информатичко општество и претставници од 4 деловни банки во Македонија. Банките потврдија спремност за воведување на оваа услуга. Регулативата на Народната банка на РМ нема ограничувања за користење на PayPal за продажни места во Македонија. И од Министерството за економија потврдија дека регулативата не спречува продажба и користење на PayPal за уплати.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share