pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 120.6585
USD 104.8202
CHF 109.6397
GBP 136.4915
CAD 83.0352
HRK 16.2663
BAM 61.6917
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
16.07.2017.Makfax Macedonia

Анѓушев: Тендерот за гасификација ќе биде поништен зашто имаше само еден понудувач

Анѓушев: Тендерот за гасификација ќе биде поништен зашто имаше само еден понудувачВладата донесе одлука да се поништи тендерот за гасификација на Македонија затоа што се јавила само една компанија. Според вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, избор на тендер со само една понуда секогаш е извор за можна корупција.

„Констатиравме дека долго време за најавуваниот проект за регионална гасификација на Македонија, за кој се информираше дека ќе се појават многу компании,  добивме само една понуда. Владата донесе одлука да се формира комисија која  ќе ја отвори таа понуда, ќе видиме кој е понудувач. Но, се надевам дека сите вие ќе се согласите дека понуда од само една компанија сигурно не е доволна за да добиеме квалитетен понудувач и конкурентност со кои ќе се постигне квалитетна цена за македонските граѓани“, рече Анѓушев.

Од таа причина, рече тој, моја препорака и препорака на економскиот тим на владата е тој тендер да се преработи и преобјави за да овозможиме поголема конкурентност и да можеме да обезбедиме подобри понуди и поголем бенефит за граѓаните на Република Македонија.

„Избор на тендер со само една понуда за мене е секогаш извор за можна корупција. Јас тоа нема да го поддржам никогаш, и ќе сакам поголема конкурентност на сите тендери“, рече вицепремиерот.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share