pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 119.1889
USD 100.8793
CHF 102.7756
GBP 132.1238
CAD 80.5929
HRK 15.8684
BAM 60.9403
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
10.08.2017.Makfax Macedonia

Владата ќе му даде 150 милиони денари на ЈП „Македонијапат“

Владата ќе му даде 150 милиони денари на ЈП „Македонијапат“Владата донесе одлука да му даде 150 милиони денари на Јавното претпријатие „Македонијапат“.

„Владата донесе одлука Јавното претпријатие за државни патишта и Јавното претпријатие ‘Македонијапат’ да достават измени и дополнувања на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2017 година и Годишната програма на ЈП за државни патишта за да се обезбедат 150.000 000 денари за потребите на ЈП ‘Македонија пат’ откако претходно ќе се обезбедат позитивни мислења од Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Државната комисија за спречување корупција“, соопшти Владата по вчерашната седница.

На седницата била разгледана и усвоена информацијата за утврдените активности со регионалните бизнис-центри формирани во рамките на центрите за развој на планските региони.

Дополнително, Владата го задолжи Министерството за локална самоуправа до декември да достави информација за степенот на реализација на aктивностите утврдени во договорите за поддршка на aктивностите на регионалните бизнис-центри формирани во рамките на центрите за развој на планските региони за 2017 година.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share