Нова листа на должници на УЈП

Bez autora
Aug 13 2017

Над 4.539 фирми и граѓани должат милиони евра за неплатен данок, покажува најновата листа на Управата за јавни приходи (УЈП). Меѓу оние што не платиле данок со највисоки суми се државните јавни претпријатија. На листата се и приватни фирми, загубарите и компании во стечај. Јавното претпријатие за заштита и одржување на регионалните и магистралните патишта по основ на неплатен данок на државата ѝ должи околу 7,5 милиони евра за данок на додадена вредност и данок на добивка. Јавното претпријатие „МЖ – Инфраструктура“, пак, должи 756 илјади евра за данок на додадена вредност. Македонската радио-телевизија должи 1,7 милион евра. Од компаниите, пак, најголем неплаќач на даноци според листата на УЈП е „Отекс“ од Охрид со долг од речиси 1,2 милион евра. На листата сѐ уште стојат фирмите „Ел дон Кастило“, „Индустрија Ел Азтека“, како и „Мотор Коач индустрија интернационал“.

Нова листа на должници на УЈПНад 4.539 фирми и граѓани должат милиони евра за неплатен данок, покажува најновата листа на Управата за јавни приходи (УЈП).

Меѓу оние што не платиле данок со највисоки суми се државните јавни претпријатија. На листата се и приватни фирми, загубарите и компании во стечај.

Јавното претпријатие за заштита и одржување на регионалните и магистралните патишта по основ на неплатен данок на државата ѝ должи околу 7,5 милиони евра за данок на додадена вредност и данок на добивка.

Јавното претпријатие „МЖ – Инфраструктура“, пак, должи 756 илјади евра за данок на додадена вредност.

Македонската радио-телевизија должи 1,7 милион евра.

Од компаниите, пак, најголем неплаќач на даноци според листата на УЈП е „Отекс“ од Охрид со долг од речиси 1,2 милион евра.

На листата сѐ уште стојат фирмите „Ел дон Кастило“, „Индустрија Ел Азтека“, како и „Мотор Коач индустрија интернационал“.

Маркетите „Хедис“ на Велија Рамковски и натаму должат 2,2 милиона евра данок.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik