Николовски: За два месеца исплатени 50 милиони евра, до крајот на месецот целосна реализација на субвенциите

Bez autora
Aug 14 2017

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информира дека за два месеца се исплатени околу 50 милиони евра субвенции за земјоделството. За реализација остануваат неполни 15 милиони за кои решенијата се веќе подготвени. Николовски рече дека се очекува поддршката да биде префрлена во целост до крајот на месецот. Во однос на преостанатите 15 милиони евра, министерот рече дека се работи за субвенции за земјоделци кај кои контролите покажале несовпаѓање на пријавеното со состојбата на терен. Оние производители кои поради некоја причина нема да добијат субвенции да се обратат до Платежната агенција за да се открие проблемот и да се надмине, изјави Николовски и најави дека Министерството ќе воспостави систем на навремена исплата.

Николовски: За два месеца исплатени 50 милиони евра, до крајот на месецот целосна реализација на субвенциитеМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информира дека за два месеца се исплатени околу 50 милиони евра субвенции за земјоделството.

За реализација остануваат неполни 15 милиони за кои решенијата се веќе подготвени.

Николовски рече дека се очекува поддршката да биде префрлена во целост до крајот на месецот.

Во однос на преостанатите 15 милиони евра, министерот рече дека се работи за субвенции за земјоделци кај кои контролите покажале несовпаѓање на пријавеното со состојбата на терен.

„Оние производители кои поради некоја причина нема да добијат субвенции да се обратат до Платежната агенција за да се открие проблемот и да се надмине“, изјави Николовски и најави дека Министерството ќе воспостави систем на навремена исплата.

Николовски информира и дека до крајот на годината, до 31 декември, ќе бидат исплатени и дополнителните шест милиони евра поддршка за млад земјоделец и за подигање нови повеќегодишни насади.

Посочи и дека од в година буџетските средства за заштита на шумите ќе се зголемат и наместо сегашните седум милиони, ќе изнесуваат 35 милиони денари.

„Во претходните десет години десеткратно е намален износот на буџетот за заштита на шумите, од 70 милиони денари во 2006 на 7 милиони во 2017 година“, напомена министерот.

Николовски на прес-конференција потенцира дека опожарената дрвна маса нема да се става во промет и ќе биде под строга контрола од страна на инспекторатот.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со пожарите, информира дека на негово барање се засилени сите контроли, и инспекциските и оние на шумската полиција.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik