Делев: Владата мора да запре со неконтролираното задолжување

Bez autora
Aug 16 2017

Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека министерот Тевдовски упорно продолжувал со задолжување на Република Македонија. Владата на СДС и Тевдовски денес се задолжија за нови неверојатни 2.70 милијарди денари односно 43.9 милиони евра. Заедно со денешната аукција за овие три месеци министерот Тевдовски има издадено државни хартии во вкупна вредност од 145 милиони евра. Средствата се собираат дирекно од Македонските банки кои наместо да се користат за кредитирање на Македонското Стопанство се користат за покривање на буџетската дупка. Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде ќе одат народните пари со кои неспособната влада на СДС ја задолжува државата, рече Делев.

Делев: Владата мора да запре со неконтролираното задолжувањеХристијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека министерот Тевдовски упорно продолжувал со задолжување на Република Македонија.

– Владата на СДС и Тевдовски денес се задолжија за нови неверојатни 2.70 милијарди денари односно 43.9 милиони евра. Заедно со денешната аукција за овие три месеци министерот Тевдовски има издадено државни хартии во вкупна вредност од 145 милиони евра. Средствата се собираат дирекно од Македонските банки кои наместо да се користат за кредитирање на Македонското Стопанство се користат за покривање на буџетската дупка. Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде ќе одат народните пари со кои неспособната влада на СДС ја задолжува државата, рече Делев.

Тој додаде дека владата на СДСМ за овој период ниту еднаш не се обидела да го намали јавниот долг како што ветувале, туку напротив, се повеќе долгот се продлабочувал.

– Вистинското лице на владата на СДС се виде и со ребалансот на Буџетот со кој се предвидува дополнително задолжување од 150 милиони евра. А, згора на сето тоа започнаа да ги топат и девизните резерви, буџетската сметка е во минус над 60 милиони евра, средствата од издадената обврзница од кој поголем дел се потрошени. Владата на СДС крие колку се намалени приходите во буџет со стопирање на сите инфраструктурни проекти и со погрешната политика и пристап кон странските инвеститори. Владата на Заев мора да запре со неконтролираното задолжување и да одговори на македонската јавност каде парите ќе бидат искористени. Дали со овие пари со кои ја задолжуваат државата СДС ќе ги исполни предизборните ветувања за ветената минимална плата од 16.000 денари, ветената просечна плата од 30.000 денари и плата од 100.000 денари за докторите, бидејќи нив се уште ги нема, а граѓаните и докторите ги очекуваат. Или сепак овие пари ќе одат за луксузирање на СДС, и покривање на партиските вработувања во институциите и забрзаната партизација на државниот апарат, запраша Делев.

Според него, СДСМ многу брзо ќе сноселе политичка одговорност, на локалните избори, каде што народот ќе им испрател порака на незадоволство.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik