СДСМ: Граѓаните наскоро ќе користат евтина тарифа на струјата секој ден

Bez autora
Aug 17 2017

Од СДСМ порачуваат дека владата ги интензивира активностите за воведување евтина тарифа на струјата секој работен ден по два часа. Со тоа ќе се оствари една од клучните мерки од предизборната програма на СДСМ и од програмата на Владата и тоа што е ветено наскоро ќе стане реална можност за граѓаните. Со домаќинско и одговорно работење на државните претпријатија ЕЛЕМ и МЕПСО ќе се обезбедат услови за воведување евтина тарифа, со што мерката нема да наштети никому. Наместо ЕЛЕМ и МЕПСО да трошат милиони евра на ски-центри, фасади и рајски градини, парите ќе се пренасочат кон реалните потреби на граѓаните, велат од СДСМ. Домаќинствата, како што велат од СДСМ, наскоро ќе можат да ја искористат реалната потреба за евтина тарифа на струјата во текот на денот и за време на викендот. Сите граѓани ќе ги почуствуваат придобивките од оваа мерка, што оди во прилог особено на социјално ранливите семејства и граѓани.

СДСМ: Граѓаните наскоро ќе користат евтина тарифа на струјата секој денОд СДСМ порачуваат дека владата ги интензивира активностите за воведување евтина тарифа на струјата секој работен ден по два часа.

„Со тоа ќе се оствари една од клучните мерки од предизборната програма на СДСМ и од програмата на Владата и тоа што е ветено наскоро ќе стане реална можност за граѓаните. Со домаќинско и одговорно работење на државните претпријатија ЕЛЕМ и МЕПСО ќе се обезбедат услови за воведување евтина тарифа, со што мерката нема да наштети никому. Наместо ЕЛЕМ и МЕПСО да трошат милиони евра на ски-центри, фасади и рајски градини, парите ќе се пренасочат кон реалните потреби на граѓаните“, велат од СДСМ.

Домаќинствата, како што велат од СДСМ, наскоро ќе можат да ја искористат реалната потреба за евтина тарифа на струјата во текот на денот и за време на викендот. Сите граѓани ќе ги почуствуваат придобивките од оваа мерка, што оди во прилог особено на социјално ранливите семејства и граѓани.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи одговорно, транспарентно и во интерес на граѓаните. Предвидените мерки од програмата за којашто гласаше мнозинството граѓани се реализираат посветено, отчетно и во интерес на сите граѓани“, соопштуваат од СДСМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik