СДСМ ќе обезбеди пакети со бенефиции за домашните инвеститори

Bez autora
Aug 23 2017

СДСМ најави пакети со бенефиции за домашните компании кои ќе решат да влезат во нови инвестиции прекинувајќи ја со тоа практиката на ВМРО-ДПМНЕ да ги привилегира странските компании. Заврши времето во кое претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги потценуваше домашните фирми и ги ставаше во подредена положба на странските инвеститори. Со изгласаниот ребаланс на буџетот се става крај на оваа неправда, што значи дека домашните инвеститори ќе ги добијат истите услови и поволности за инвестирање што важеа и за странските инвеститори. Секој инвеститор кој планира нова инвестиција во земјата, без разлика дали е домашен или странски, ќе добие од државата поволности и олеснувања во вид на ослободување од плаќање даноци, помош при изградба на инфраструктура, директна финансиска помош за нови работни места, поедноставени административни процедури, државна помош за користење суровини и материјали од домашно потекло.

СДСМ ќе обезбеди пакети со бенефиции за домашните инвеститориСДСМ најави пакети со бенефиции за домашните компании кои ќе решат да влезат во нови инвестиции прекинувајќи ја со тоа практиката на ВМРО-ДПМНЕ да ги привилегира странските компании.

„Заврши времето во кое претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги потценуваше домашните фирми и ги ставаше во подредена положба на странските инвеститори. Со изгласаниот ребаланс на буџетот се става крај на оваа неправда, што значи дека домашните инвеститори ќе ги добијат истите услови и поволности за инвестирање што важеа и за странските инвеститори.

Секој инвеститор кој планира нова инвестиција во земјата, без разлика дали е домашен или странски, ќе добие од државата поволности и олеснувања во вид на ослободување од плаќање даноци, помош при изградба на инфраструктура, директна финансиска помош за нови работни места, поедноставени административни процедури, државна помош за користење суровини и материјали од домашно потекло.

За таа цел инвеститорите ќе имаат можност да се одлучат помеѓу неколку пакети или т.н. менија, кои ќе нудат поволности во зависност од видот и големината на инвестицијата.

Со ребалансот на буџетот издвоени се 135 милиони денари до крајот на годината за поддршка на малите и средните претпријатија и домашните гринфилд-инвестиции.

За разлика од свесното и смислено уништување на домашното стопанство од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ заради нечии бизнис-интереси, Владата предводена од СДСМ работи како сервис и партнер на домашните фирми!, стои во соопштението од владејачката партија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik