Османи: Степенот на искористеност на средствата од ИПАРД е поразителен

Bez autora
Aug 23 2017

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, беа во посета на успешен проект реализиран со средства од ИПА, и тоа компонентата бр. 5 ИПАРД 2007-2013, проект за модернизација и опремување на Фитосанитарната лабораторија при Институтот за земјоделство. Средствата од ИПАРД 2007-2013, наменети за рурален развој и унапредување на земјоделство, како една од компонентите од ИПА, имаат најмал степен на искористеност на средствата. Од 67,7 милиони евра, договори се склучени само за 18,1 милиони евра, а исплатени уште помалку – 11,1 милиони евра. Со тоа степенот на искористеност на овие средства е само 27 отсто, што е поразително, изјави Османи при посетата.

Османи: Степенот на искористеност на средствата од ИПАРД е поразителенЗаменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, беа во посета на успешен проект реализиран со средства од ИПА, и тоа компонентата бр. 5 ИПАРД 2007-2013, проект за модернизација и опремување на Фитосанитарната лабораторија при Институтот за земјоделство.

„Средствата од ИПАРД 2007-2013, наменети за рурален развој и унапредување на земјоделство, како една од компонентите од ИПА, имаат најмал степен на искористеност на средствата. Од 67,7 милиони евра, договори се склучени само за 18,1 милиони евра, а исплатени уште помалку – 11,1 милиони евра. Со тоа степенот на искористеност на овие средства е само 27 отсто, што е поразително“, изјави Османи при посетата.

Тој додаде дека и покрај поразителните резултати, Фитосанитарната лабораторија, која денес ја посетија со министерот за земјоделство, Николовски, е успешно реализиран проект во кој јасно може да се препознаат придобивките од успешната реализација на ИПА-средствата. „Речиси два милиона евра, пари на даночните обврзници од земјите членки на Унијата, се потрошени на опрема, обуки, осовременување на процедурите, зголемување на ефикасноста итн. Со тоа оваа лабораторија не само што стана најдобра во државава туку е и една од водечките во регионот“, посочи Османи.

Вицепремиерот Османи порача дека токму поради овие придобивки, тој како национален ИПА-координатор, задолжен за координација и надзор на ИПА-средствата, но и заедно со ресорниот министер Николовски, задолжен за реализација на проектите финансирани од ИПАРД, во претстојниот период ќе се посветат за промена на овие состојби. Предизвиците што се идентификувани при реализација на ИПА-средствата во ИПАРД веќе се дел од извештајот за пресек на состојбите со ИПА-средствата и тие ќе бидат адресирани во новиот мастер-план за реформа на ИПА-структурата.

„Во новиот ИПА-мастер план ќе предвидиме мерки и активности за надминување на предизвиците и за унапредување на апсорпционата моќ на државата за средствата од ИПА и ќе ги отстраниме пречките за нивна поефикасна реализација“, изјави на крајот Османи додавајќи дека успешната апсорпција на ИПА-средствата станува врвен приоритет не само на Секретаријатот за европски прашања туку и на целата Влада.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik