pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 118.5977
USD 101.003
CHF 101.722
GBP 133.7518
CAD 78.8234
HRK 15.6712
BAM 60.638
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
13.09.2017.Makfax Macedonia

Граѓаните платиле по 11 илјади евра за работник во странските компании

Граѓаните платиле по 11 илјади евра за работник во странските компанииВладата потрошила 225 милиони евра за 10 години на 25 странски компании кои вработиле 20 илјади лица, oбјави денеска на прес-конференција за јавноста, владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Станува збор за државна помош во кеш грантови, даночни и царински ослободувања и трошоци за привлекување странски инвестиции. Во просек еден вработен ја чинел државата 11 илјади евра. За некои компании се трошеле по приближно 1000 евра, а за некои 11.000 евра, бидејќи немало критериуми како ќе се делат парите.

Владиниот портпарол рече дека според Анализата, државата се откажала од 69 милиони евра данок и царини. Притоа, на прес-конференцијата беше потенцирано дека не постоеле критериуми за преговарање.

Преговарале советници министри и потоа ги класифицирале документите. Договорите сè уште се валидни и активни, информираше денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на презентацијата на „Анализата на трошоците – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија“ за периодот од 2007 до мај годинава. За обуки на вработените биле потрошени 5 милиони евра, при што, за некои сумата изнесувала 100 евра, а за некои 3000 евра.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share