pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 118.5977
USD 101.003
CHF 101.722
GBP 133.7518
CAD 78.8234
HRK 15.6712
BAM 60.638
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
13.09.2017.Makfax Macedonia

Производството на електрична енергија во ЕЛЕМ во континурирано опаѓање

Производството на електрична енергија во ЕЛЕМ во континурирано опаѓањеВладата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа информацијата за затекнатата состојба во АД „Електрани на Македонија“ во периодот од почетокот на оваа година до 1 август.

Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека, според анализата, производството на електрична енергија во ЕЛЕМ е во континуирано опаѓање, а потрошувачката на јаглен и мазут, по произведен мегават електрична енергија, е во постојан пораст.

Оваа, како што се наведува, нелогичност во работењето на ЕЛЕМ, според согледувањата во информацијата, се должи на несоодветната ревитализација на соодветните капацитети за електрична енергија, како и на недомаќинското работење со склучување скапи договори со надворешни компании од поранешното раководство.

Според анализата, карактеристика во затекнатото работење на АД ЕЛЕМ е прекумерната и непродуктивна превработеност, а за платите и хонорарите на над 5.489 вработени и ангажираните лица со авторски договори во 2016 година биле потрошени 56,8 милиони евра.

– Како исклучително високи трошоци за разни услуги највисоки се оние за услугите на адвокатски канцеларии во земјата и странство, кои за три години изнесуваат 2,5 милиона евра – стои во соопштението.

На денешната седница Владата на РМ му препорача на новото раковдство на АД „Електрани на Македонија“ да предложи излезни решенија за оваа ситуација во која се наоѓа компанијата, да ги стави во употреба сите капацитети за да го зголеми производството на електрична енергија за да се избегнат евентуални проблеми со недостигот на струја и за да се избегне фактот кој навестува најниско производство на електрична енергија во историјата на ЕЛЕМ.

На денешната седница Владата сугерира дека за оваа состојба, во која е доведено ова акционерско друштво на 1 август кога компанијата е преземена од новиот раководен тим, треба да биде подготвена сеопфатна информација за запознавање на јавноста.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share