Инвестиции и нови капацитети во индустриската зона Жабени

Bez autora
Sep 20 2017

По барање на фабриката „Кронберг и Шуберт“, Општина Битола започна со реализација на проектот за изградба на пристап до фабриката од нејзината десна страна. Фабриката веќе се проширува и за нови 1.500 вработувања. Според најновата информација од вчера, тука се вработени 4.400 наши граѓани, така што ние веднаш се согласивме и пристапивме кон градежни активности во овој дел на ИЗ Жабени затоа што ќе им треба пристап, а пристапот од левата страна не им е доволен за да ги прифати сите вработени од сите смени. Се работи за завршена атмосферска канализација во должина од 170 метри, која е поврзана со другиот дел од атмосферската канализација, како и коловоз во должина во 660 метри и паркинг-простор. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 13.500.000 денари, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Инвестиции и нови капацитети во индустриската зона ЖабениПо барање на фабриката „Кронберг и Шуберт“, Општина Битола започна со реализација на проектот за изградба на пристап до фабриката од нејзината десна страна. Фабриката веќе се проширува и за нови 1.500 вработувања.

„Според најновата информација од вчера, тука се вработени 4.400 наши граѓани, така што ние веднаш се согласивме и пристапивме кон градежни активности во овој дел на ИЗ Жабени затоа што ќе им треба пристап, а пристапот од левата страна не им е доволен за да ги прифати сите вработени од сите смени. Се работи за завршена атмосферска канализација во должина од 170 метри, која е поврзана со другиот дел од атмосферската канализација, како и коловоз во должина во 660 метри и паркинг-простор. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 13.500.000 денари“, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Градоначалникот Талески потсети дека инвестициите во индустриската зона Жабени продолжуваат да се реализираат со зголемен интензитет:

„Во првите два мандата некои од медиумите знаеја да нè обвинат дека гледале сончогледови полиња, но како што забележувате, тука нема таква работа. Напротив, има два објекта кои веќе се почнати да се градат, третиот ќе почне на почетокот од овој дел, а од другата страна, каде што имаме пристап, има тројца инвеститори кои веќе го купија земјиштето и чии проекти се веќе во фаза на изработка. Вкупната инвестиција што Општина Битола досега ја има вложено во индустриската зона Жабени е над 290.000.000 денари, односно 4.780.000 евра. Сето тоа го правевме затоа што сме првите што понудивме максимални услови за инвеститорите бидејќи ценевме дека еден од главните приоритети што се покажа на нашите анкети уште во првиот мандат беше невработеноста. Бевме убедени дека правиме добро дело и еве резултатите се покажуваат денес затоа што вработувањата од ден на ден се зголемуваат“, додаде Талески.

Со постојаното проширување на фабриката „Кронберг и Шуберт“ во зоната веќе се врши приближување кон проектираната бројка на корисници во изградените капацитети во зоната, која изнесува 5.000.

На денешната прес-конференција директорот на индустриската зона Жабени, Сашо Илковски, информира дека во изминатите две години во зоната градежни парцели имаат купено турската фирма „Челмак“, грчката „Цереметал“ и италијанската „Натуралија фуд“. На последниот повик од Општина Битола интерес покажа и домашна компанија која планира производство на термоизолациони панели и за изградба на својот капацитет купи земјиште од 2.500 квадратни метри, а во изминатите три месеци со градба започнаа и две домашни компании „Фалко“ и „Еуроинженеринг“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik