Анѓушев и Сугаревски на отворањето на германска фабрика во Прилеп

Bez autora
Sep 21 2017

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески присуствуваа на свеченото отворање на фабриката Injection Moulding Prilep (IMP), инвестиција на германски Accomplast GmbH. Вицепремиерот Анѓушев го поздрави отворањето на овој нов производствен капацитет и увери дека Владата ќе работи посветено се додека не ги пополни до последно место со производствени хали сите празни парцели во Технолошко-индустриската зона во Прилеп, но и во сите други зони во Македонија.

Анѓушев и Сугаревски на отворањето на германска фабрика во ПрилепЗаменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања,  Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески присуствуваа на свеченото отворање на фабриката Injection Moulding Prilep (IMP), инвестиција на германски Accomplast GmbH.

Вицепремиерот Анѓушев го поздрави отворањето на овој нов производствен капацитет и увери дека Владата ќе работи посветено се додека не ги пополни до последно место со производствени хали сите празни парцели во Технолошко-индустриската зона во Прилеп, но и во сите други зони во Македонија.

„Македонската блада и натаму ќе биде посветена на привлекување на странски инвестиции и ќе биде нивниот најдобар партнер. Со Планот за економски раст странските и домапните компании добиваат ист третман и Владата ги смета сите компании, без разлика на потеклото на капиталот, за македонски компании, бидејќи тука работат и произведуваат“, истакна вицепремиерот Анѓушев.

Тој истакна дека го познава германскиот начин и систем на работа и се надева дека сите германски инвестиции во  Македонија ќе го пренесат квалитетот и технологијата со што ќе придонесат за технолошки развој и раст на економијата на земјата.

„Знаеме дека постојат определени проблеми со инфраструктурата во ТИРЗ зоната, во поглед на недостаток на вода и канализационен систем. Ве уверувам дека Владата посветено ќе работи да ги надмине овие проблеми и да ги подобри условите во зоната, за да можат компаниите нормално да функционираат и да се развиваат“, порача вицепремиерот Анѓушев.

Согласно деловниот план на компанијата, инвестициските вложувања на компанијата во период од четири години би изнесувале до 3 милиони евра, а би се креирале до 150 нови работни места. Во моментов во фабриката работат 20-ина вработени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik