Тевдовски: Транспарентниот однос на владата со инвеститорите ќе донесе нови странски инвестиции

Bez autora
Oct 16 2017

Транспарентноста на Владата и приближувањето кон НАТО ќе донесе дополнителни странски инвестиции во земјава. Активно се работи на проект за поврзување домашни и странски компании од автомобилската индустрија, со што ќе се обезбеди повеќе работа и за домашните фирми, порача министерот за финансии, Драган Тевдовски, во интервју за Гласот на Америка. Тој заедно со гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, ја предводи делегацијата која учествува на годишните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон. Нашиот пристап е да имаме транспарентен однос со инвеститорите, да поставиме чист терен за игра. Инвеститорите ќе знаат точно со што се соочуваат. Нема да има никаков простор за работи на страна, корупција или слично. Тоа е добро и ќе донесе дополнителни странски инвестиции. Исто што е многу важно и што е наш приоритет е да работиме на поврзување на домашните компании со странските инвеститори, тоа сериозно отсуствуваше изминатите години. Во моментот преку проект на ИФЦ се работи на поврзување на домашните компании од автомобилската дејност со странски компании. Тоа е сериозен чекор напред кој ќе има мултипликативен ефект што кај нас во Македонија отсуствуваше, истакна Тевдовски.

Тевдовски: Транспарентниот однос на владата со инвеститорите ќе донесе нови странски инвестицииТранспарентноста на Владата и приближувањето кон НАТО ќе донесе дополнителни странски инвестиции во земјава. Активно се работи на проект за поврзување домашни и странски компании од автомобилската индустрија, со што ќе се обезбеди повеќе работа и за домашните фирми, порача министерот за финансии, Драган Тевдовски, во интервју за Гласот на Америка. Тој заедно со гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, ја предводи делегацијата која учествува на годишните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

„Нашиот пристап е да имаме транспарентен однос со инвеститорите, да поставиме чист терен за игра. Инвеститорите ќе знаат точно со што се соочуваат. Нема да има никаков простор за работи на страна, корупција или слично. Тоа е добро и ќе донесе дополнителни странски инвестиции. Исто што е многу важно и што е наш приоритет е да работиме на поврзување на домашните компании со странските инвеститори, тоа сериозно отсуствуваше изминатите години. Во моментот преку проект на ИФЦ се работи на поврзување на домашните компании од автомобилската дејност со странски компании. Тоа е сериозен чекор напред кој ќе има мултипликативен ефект што кај нас во Македонија отсуствуваше. Секако дека кога се зборува за странски инвестиции, приближување кон НАТО, е најбитен сигнал за безбедноста на земјата. Мислам дека тоа е многу важно и дека ќе донесе дополнителни странски инвестиции“, истакна Тевдовски.

Светската економија закрепнува оценува ММФ, глобалниот раст се проценува на 3,6 отсто. Оптимистичките проекции за глобалната економија, според Тевдовски, се добри и за Македонија бидејќи сме мала и отворена економија, која во голема мера е под влијание на тоа што се случува кај нејзините трговски партнери.

„Тоа што го слушнавме од директорката на ММФ, Лагард, зрачи со оптимизам. Особено затоа што изминативе години очекувањата беа попесимистички, се зборуваше за попроблематични сценарија. За Македонија ова е од големо значење бидејќи ние сме мала и отворена економија, која е зависна од она што се случува надвор. На пример, 70 отсто од нашиот извоз оди во Европската Унија, 47 отсто во Германија, така што тоа е важно за Македонија и значи дека Македонија ќе има шанси да го зголемува својот економски раст, ако случувањата на светско ниво се позитивини и добри“, вели Тевдовски.

Според Тевдовски, годинава Министерството за финансии одело со поконзервативна проекција за економски раст во споредба со релевантните институции како ММФ. Сепак, за догодина проекциите се повисоки од три отсто и се совпаѓаат со оние на меѓународните финансиски институции.

„Очекувањата се дека македонската економија ќе закрепне и ќе почне да се движи напред. Во моментот сме силно посветени на реформите, а приоритет на Владата се и евроатланските интеграции. Сметаме дека тие на среден рок ќе го интензивираат растот, а понатаму ќе може да се обезбеди и раст кој ќе биде и повисок. Политичката нестабилност влијаеше на забавување на економскиот раст, но со формирање на Владата имаме политичка стабилизација на состојбата, а гледаме дека има и стабилизација на инвестициската активност. На меѓународните пазари оние три издадени еврообврзници кои котираат таму имаат историски најниски приноси, односно најдобро се вреднувани досега. Пазарите се оние кои најдобро ги вреднуваат перспективите на македонската економија и стабилизацијата на политичките состојби“, нагласи Тевдовски.

Во рамки на годишните средби македонската делегација одржа низа средби со претставници на Светска банка, ММФ и ЦЕБ, како заменик претседателот на Светска банка, Сирил Милер, директорот на Светска банка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер, директорот за Европа на ММФ, Пол Томсон, и други.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik