Сојузот на стопанските комори прогласен за шампион за мал бизнис

Bez autora
Oct 19 2017

По изборот на првиот шампион, корпорацијата „Гугл“, минатиот месец Сојузот на стопанските комори на Македонија со проектот „Светска мрежа за мали бизниси“ од страна на Светската трговска организација и Интернационалната стопанска комора е официјално прогласен за втор шампион за мал бизнис. Овој голем успех за Република Македонија и официјално беше проследен со заедничка изјава на Роберто Азеведо, директор на Светската трговска организација, Џон Данилович, генерален секретар на ИСК, како и на Даниела Арсовска, претседател на ССК. Домашните компании по најнови светски трендови, со поддршка на Светската трговска организација и Интернационалната стопанска комора, преку Сојузот ќе имаат можност да го зголемат извозот.

Сојузот на стопанските комори прогласен за шампион за мал бизнисПо изборот на првиот шампион, корпорацијата „Гугл“, минатиот месец Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК) со проектот „Светска мрежа за мали бизниси“ од страна на Светската трговска организација и Интернационалната стопанска комора е официјално прогласен за втор шампион за мал бизнис.

Овој голем успех за Република Македонија и официјално беше проследен со заедничка изјава на Роберто Азеведо, директор на Светската трговска организација, Џон Данилович, генерален секретар на ИСК, како и на Даниела Арсовска, претседател на ССК.

– Домашните компании по најнови светски трендови, со поддршка на Светската трговска организација и Интернационалната стопанска комора, преку Сојузот ќе имаат можност да го зголемат извозот. Малите и средните претпријатија ќе учествуваат во „Светската мрежа за мали бизниси“ со цел нивно полесно интегрирање во регионалните и меѓународните пазари, олеснување на пристапот до информации и градење на капацитетите за извоз. Идентификувани ќе бидат оние МСП што имаат потенцијал за трговија на меѓународно ниво, а кои во моментот имаат ограничени можности, вештини, како и пристап до странските пазари. Уникатноста на проектот е што дава гаранција за компаниите да имаат ефикасни и безбедни деловни трансакции, како и нов сигурен партнер за соработка“,- изјави Арсовска.

Директорот на Светската трговска организација, Роберто Азевадо, во заедничката изјава ден претходно истакна дека станува збор за креативен проект, нов дигитален продажен излог за МСП, кој ќе овозможи да ги промовираат нивните производи и услуги, како и да ги користат непроменливите можности за обуки.

Учеството на МСП во меѓународната трговија е мало, најчесто поради сложени трговски постапки. Новите технологии помагаат да се надминат овие пречки и да им се отвори поле за меѓународна трговија на малите и средните компании. Во таа насока градењето инклузивен трговски систем е од големо значење. Зголемување на извозот на домашните компании е една од главните цели на Сојузот на стопанските комори на Македонија за севкупен економски раст во земјата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik