Бугари го купија Фени, 850-те вработени остануваат на работа

Bez autora
Oct 20 2017

Бугарската компанија „Енекод“ денеска ќе потпише договор за преземање на фабриката „Фени“, сите 850 вработени остануваат на работа. На вработените ќе им биде исплатена септемвриската плата, чија исплата веќе доцни. Бугарите најавиле дека и производството ќе продолжи во најкус можен рок. Утрово средба со раководството на фабриката имале претставниците од Бугарија, на која присуствувал и Пецо Ристовски, претседател на Синдикатот на вработените во индустријата, енергетиката и рударството. ’Фени’ продолжува со работа како ништо да не било. Вработените ќе си ги остварат побарувањата во однос на плати. „Фени“ повеќе од еден месец работи на одржлив минимум.

Бугари го купија Фени, 850-те вработени остануваат на работаБугарската компанија „Енекод“ денеска ќе потпише договор за преземање на фабриката „Фени“, сите 850 вработени остануваат на работа. На вработените ќе им биде исплатена септемвриската плата, чија исплата веќе доцни. Бугарите најавиле дека и производството ќе продолжи во најкус можен рок.

Утрово средба со раководството на фабриката имале претставниците од Бугарија, на која присуствувал и Пецо Ристовски, претседател на Синдикатот на вработените во индустријата, енергетиката и рударството.

„’Фени’ продолжува со работа како ништо да не било. Вработените ќе си ги остварат побарувањата во однос на плати. Вработените добија ветување дека задоцнетета плата ќе им биде исплатена следната недела, и тоа во цел износ, 100 отсто. За кусо време ќе продолжи и производството. Новите сопственици имаат струја и руда, им недостига јаглен за да ја рестартираат фабриката, очекуваат набавката да оди брзо оти се набавува од Балканот“, вели  синдикалецот Ристовски.

Бугарите го преземале и долгот на фирмата, кој надминувал 70 милиони евра, а според Ристовски, веќе почнале преговори со доверителите за негово расчистување. Бугарската компанија  ја опишуваат како добростоечка со 30-тина фирми низ државата.

Купопродажбата на „Фени“ ја потврдија и од кабинетот на Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања, кој утрово присуствувал на средбата во фабриката.

„Фени“ повеќе од еден месец работи на одржлив минимум. Единствената производна линија која работи во фабриката само се одржува топла, работи на 5 мегавати за да не се исклучи целосно. Производство нема, а имотот беше попишан од извршители и излепен со налепници.

Царинската управа одзеде дел од одобренијата за увоз и извоз оти поради блокираната сметка компанијата немаше покритие за банкарска гаранција како доказ дека има начин да се платат давачките кон државата.

Вработените го обвинија раководството на комбинатот за недомаќинско работење кое довело до огромни долгови поради кои се закануваше стечај за фабриката и отпуштање на 850 – те вработени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik