Најмалку тројца инвеститори од Европа од утре во посета на „Фени“

Bez autora
Nov 22 2017

Банките кредитори на „Фени“ се во преговори со најмалку тројца сериозни инвеститори заинтересирани за купување на фабриката. Од утре претставници од Комерцијална банка АД Скопје, од Стопанска банка АД Скопје и од банката „Силк роуд“, заедно со претставници на заинтересираните инвеститори, ќе прават увид во состојбите во фабрката. Хари Костов, главен извршен директор на Комерцијана банка, вели дека во интерес на преговорите во оваа фаза не може да ги соопшти имињата на заинтересирани инвеститори. Можам да откријам само дека се работи за инвеститори од Европа. Во преговори сме со тројца инвеститори. Во оваа бројка не е бугарски ‘Енекод’, се работи за други сериозни компании, а отворени сме за нови преговори и со ‘Енекод’ доколку покаже план за отплата на долгот, за обрт на средства и за вложувања, што ќе значи продолжување на процесот на работа во фабриката.

Најмалку тројца инвеститори од Европа од утре во посета на „Фени“Банките кредитори на „Фени“ се во преговори со најмалку тројца сериозни инвеститори заинтересирани за купување на фабриката.

Од утре претставници од Комерцијална банка АД Скопје, од Стопанска банка АД Скопје и од банката „Силк роуд“, заедно со претставници на заинтересираните инвеститори, ќе прават увид во состојбите во фабрката.

Хари Костов, главен извршен директор на Комерцијана банка, вели дека во интерес на преговорите во оваа фаза не може да ги соопшти имињата на заинтересирани инвеститори.

„Можам да откријам само дека се работи за инвеститори од Европа. Во преговори сме со тројца инвеститори. Во оваа бројка не е бугарски ‘Енекод’, се работи за други сериозни компании, а отворени сме за нови преговори и со ‘Енекод’ доколку покаже план за отплата на долгот, за обрт на средства и за вложувања, што ќе значи продолжување на процесот на работа во фабриката. Од сите инвеститори го бараме истото, оној што ќе има најдобра понуда, ќе ја добие фабриката“, рече директорот Костов.

Утрово имале состанок со синдикални претставници од „Фени“, на кои банките ги најавиле посетите на фабриката и побарале поддршка за процесот да оди без опструкции. Добиле уверување дека ќе им биде овозможен непречен пристап.

Директорот Костов вели дека состојбите во „Фени“ од ден на ден стануваат сè полоши. Договорот за осигурување на имотот на фабриката истекол, нов не е направен, а на истекување бил и договорот за осигурување на вработените.

„’Енекод’, кој противправно се претставува како газда на фабриката, нема инвестирано ниту еден долар во неа. Последна плата исплатена на вработените им е онаа за септември, нема најави за нова исплата. Ние немаме правна можност ниту, пак, обврска да им исплаќаме плати, тоа е обврска на директорот Кацаров, кој во исто време е директор и на бугарски ‘Енекод’. Во оваа фаза пред почнување на стечајната постапка синдикалните претставници со кои разговаравме увидоа дека секое одложување и одолжување на постапката е на штета на вработените“, рече Костов.

Според него, новото раководството на „Фени“ на секој начин се труди да ја одолжи постапката, па вели дека на следното рочиште во велешкиот суд не би го изненадило доколку директорот на „Фени“ побара изземање судии, на претседателот на судот и слично.

Костов вели дека трошоците за одржување на фабриката, кои сега ги плаќаат банките, се 250.000 евра за две недели и секое одложување само ги зголемува. Доколку судот отвори стечајна постапка, Костов вели дека има правна можност во рок од еден месец фабриката да продолжи со работа.

„Ако некој од инвеститорите ги исполни нашите барања иако е почната постапката за стечај, има можност веднаш да ја преземе по пат на договор за нејзин закуп со стечајниот управник. На тој начин постапката за стечај може да си тече, а истовремено фабриката да почне со работа“, вели Костов.

Новото рочиште за разгледување на можноста за отворање стечај за „Фени“ е закажано за 29 ноември во Основниот суд во Велес.

Банките кредитори на „Фени“ иницираа отворање стечај поради долг кон нив од 40 милиони евра и уште 20 милиони евра кон други доверители. Првото рочиште во понеделникот минатата недела беше одложено на барање на новиот директор на фабриката, Рајчо Кацаров, кој во исто време е директор и на бугарски „Енекод“, заинтересиран да ја купи фабриката.

Тој побара изземање на судот во Велес за судењето да биде во некој скопски суд оти банките биле од Скопје, но Врховниот суд му го отфрли барањето и предметот повторно го врати во судот во Велес.

Новиот инвеститор на „Фени“, освен долгот кон банките и кон кредиторите, ќе наследи и долг од 5,5 милиони евра кон Управата за јавни приходи за кој минатата недела извести новото раководство на фабриката.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik