Извозно ориентираните компании можат да добијат поврат до 30% од инвестициите

Bez autora
Dec 13 2017

За повисок економски раст на Република Македонија потребно е нивото на извоз во учество во креирање на БДП од сегашните 53 отсто да изнесува од 60-70 проценти и за таа цел македонските компании треба да се насочат кон инвестиции со кои ќе произведуваат производи со повисока додадена вредност. Ова го истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој учествуваше на форумот Преку интернационализација на стопанството до повисок економски раст, во организација на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на Стопански комори, Стопанската комора на Северозападна Македонија и МАСИТ. Анѓушев додаде дека Владата преку мерките од планот за економски раст ќе обезбеди поддршка за повисока конкурентност и интернационализација на македонските компании.

Извозно ориентираните компании можат да добијат поврат до 30% од инвестициитеЗа повисок економски раст на Република Македонија потребно е нивото на извоз во учество во креирање на БДП од сегашните 53 отсто да изнесува од 60-70 проценти и за таа цел македонските компании треба да се насочат кон инвестиции со кои ќе произведуваат производи со повисока додадена вредност.

Ова го истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој учествуваше на форумот „Преку интернационализација на стопанството до повисок економски раст“, во организација на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на Стопански комори, Стопанската комора на Северозападна Македонија и МАСИТ.

Анѓушев додаде дека Владата преку мерките од планот за економски раст ќе обезбеди поддршка за повисока конкурентност и интернационализација на македонските компании.

„Ги повикувам стопанствениците да го препознаат моментот и да го фатат овој нов економски бран, да инвестираат во Македонија за повисок економски раст и подобра иднина на сите. За секоја нова инвестиција ќе се обезбеди државна поддршка во висина од 10 проценти на инвестицијата, за инвестиции кои се однесуваат на подобрување на конкурентноста на странски пазари дополнителни 10 проценти, а доколку се зголемува интернационализацијата во земјите од Западен Балкан, поддршката е дополнителни 10 отсто. Така, инвеститорите ќе имаат можност да добијат поврат до 30 проценти од направените инвестиции“, потенцираше вицепремиерот .

Растот на БДП за 2018 година е проектиран на 3,2 проценти и според вицепремиерот е реален, со оглед на тоа што извозот покажува тенденција на раст, има пораст во производството на земјоделски производи, како и во други сектори, а единствено градежната индустрија има пад, поради застојот во изградбата на автопатиштата.

„За повисок економски раст потребно е стабилна политичка ситуација, владеење на правото и спроведување економски мерки. Владата во рамките на своите надлежности ќе работи напорно да обезбеди сигурност и заштита на инвестициите на компаниите“, посочи Анѓушев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik