„Балкан петролеум“ не може да го преземе „Макпетрол“

Bez autora
Jan 17 2018

Офшор-фирмата „Балкан петролеум холдинг лимитед“, регистрирана во Лондон, а основана од друга фирма од Кипар и официјално нема да добие дозвола за понуда за преземање на нафетниот гигант „Макпетрол“, е објавено во број 10 на „Службен весник“. На „Балкан петролеум холдинг лимитед“ не му се издава дозвола за давање понуда за преземање на „Макпетрол“ АД Скопје, пишува во објавата во весникот, потпишана од Елизабета Чингаровска. „Балкан петролеум холдинг лимитед“ е фирма од Кипар, регистрирана на 28 мај 2016 година во Лондон со двајца вработени и основачки влог од 1000 евра. Основач е фирмата „Даволија“ од Кипар, регистрирана исто така во мај 2016 година, со двајца вработени. Фирмата објави оглас за преземање на акциите на „Макпетрол“.

„Балкан петролеум“ не може да го преземе „Макпетрол“Офшор-фирмата „Балкан петролеум холдинг лимитед“, регистрирана во Лондон, а основана од друга фирма од Кипар и официјално нема да добие дозвола за понуда за преземање на нафетниот гигант „Макпетрол“, е објавено во број 10 на „Службен весник“.

„На „Балкан петролеум холдинг лимитед“ не му се издава дозвола за давање понуда за преземање на „Макпетрол“ АД Скопје, пишува во објавата во весникот, потпишана од Елизабета Чингаровска.

„Балкан петролеум холдинг лимитед“ е фирма од Кипар, регистрирана на 28 мај 2016 година во Лондон со двајца вработени и основачки влог од 1000 евра. Основач е фирмата „Даволија“ од Кипар, регистрирана исто така во мај 2016 година, со двајца вработени. Фирмата објави оглас за преземање на акциите на „Макпетрол“.

Од Македонската берза тогаш информираа дека документацијата на понудата е некомплетна. Потписници на понудата за преземање, која беше испратена и во архивата на „Макпетрол“, беа директорот Васили Евдокимов и ополномоштеното лице Петар Стојановски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik