pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 118.0128
USD 95.8752
CHF 102.5663
GBP 133.7256
CAD 75.4172
HRK 15.8389
BAM 60.339
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
13.02.2018.Makfax Macedonia

Трговијата со Турција да достигне милијарда евра

Трговијата со Турција да достигне милијарда евраПостојат можности за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција, констатирано е заеднички на вечерата на премиерот Зоран Заев со бизнисмени од Турција, организирана вечерва во Анкара, од ТОББ (TOBB) – Сојузот на стопански комори и берзи на Република Турција.

„Тука сме да пренесам отворена покана за инвестирање во Македонија. Свесен сум дека мојата земја ќе има напредок ако се развиваат приватниот сектор и инвестициите. Сакам да ви пренесам дека постои амбиент за инвестирање во нашата земја. Со околу 35 инвеститори сме пред договор, со 10 имаме потпишано договори, а има 100-ци заинтересирани“, рече премиерот Заев пред бизнисмените од Турција.

Тој посочи дека Турција е шеста земја по големина на инвестиции во Македонија, дека 456 милиони евра е трговската размена и порача дека со перспективите за поголема соработка, може да има и поголем профит за компаниите и нови работни места за граѓаните на Македонија.

„Нашата цел е за неколку години трговијата со Турција да биде една милијарда евра“, рече Заев.Тој посочи на еднаквиот третман што го има новата Влада кон странските и домашните инвестиции, олеснувањата кај данокот на добивка и персоналниот данок, годишниот буџет од 55 милиони евра за секоја инвестиција во домашното стопанство.

Како области за продлабочување на соработката ги наведе земјоделството, енергетиката, градежништвото. Премиерот рече дека правна регулатива за соработка меѓу двете држави има, но дека ќе има унапредување на постојните договори, како тој за слободна трговија, што е едно од очекувањата на бизнис заедницата во Турција.

Потпретседателот на ХОББ, Фаик Јавуз, порача дека Турција и Македонија се големи пријатели и дека тие, како граѓани и како бизнис заедница ја поддржуваат Македонија во нејзиниот развој.

„Има околу 100 турски инвестиции во Македонија, но има уште многу што да се направи. Македонија се наоѓа во срцето на Југоисточна Европа, цели кон ЕУ, работи на тој пат, тоа значи отворен пазар и од 650 милиони луѓе“, рече потпретседателот на ХОББ, Јавуз, охрабрувајки ги бизнисмените за инвестиции во нашата држава.

Тој му честиташе на премиерот Заев за новата позиција и оцени дека Република Македонија треба да биде среќна што има динамичен премиер кој ќе остави белег со своето работење.

Заев во име на граѓаните на Македонија се заблагодари за искрениот пријател што го имаат во граѓаните на Турција.На средбата зборуваше и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил кој најави максимална поддршка за зголемување на економската соработка. Се отвори и дискусија со заинтересираните бизнисмени кои на премиерот Заев му доделија плакета како благодарност за отворената соработка.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев од вечерва е во официјална посета на Република Турција придружуван од министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил, пратениците во Собранието на Република Македонија, Енес Ибраими и Јусуф Хасан и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски. Премиерот, за време на посетата на Анкара ќе има средби на највисоко владино и државно ниво.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share