Македонија бара дозвола да извезува свинско месо во ЕУ

Bez autora
Feb 21 2018

Агенцијата за храна и ветеринарство почна со спроведување активности за добивање дозвола за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар. Во согласност со акциониот план на Агенцијата, предвидено е прекинување на превентивната вакцинација на свињите против болеста класична свинска чума по што ќе побара од Европската Унија, Република Македонија да добие статус на слободна земја за извоз на свежо свинско месо и на европскиот пазар.

Македонија бара дозвола да извезува свинско месо во ЕУАгенцијата за храна и ветеринарство почна со спроведување активности за добивање дозвола за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар.

Во согласност со акциониот план на Агенцијата, предвидено е прекинување на превентивната вакцинација на свињите против болеста класична свинска чума по што ќе побара од Европската Унија, Република Македонија да добие статус на слободна земја за извоз на свежо свинско месо и на европскиот пазар.

„Со добивањето на статусот слободна земја од оваа болест и можноста за извоз на свињи и свежо свинско месо на европскиот и на светскиот пазар отворена е и можноста Република Македонија од земја увозник да прерасне во земја извозник на овој тип месо. Акцискиот план предвидува спроведување повеќе активности, меѓу кои се зајакнување на биосигурносните мерки на свињарските фарми, мониторинг на присуство на вирусот кај дивите свињи во Република Македонија, за што веќе се потпишани договори со ловните друштва, спроведување на мониторинг на кланиците при колење на свињите за утврдување присуство на антитела на вирусот и подобрување на системот за идентификација и регистрација на свињите во земјата. Исклучително важна е и мерката што се однесува на прекин на превентивна вакцинација против класична свинска чума во Република Македонија“, истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.

Финансиските трошоци за имплементација на биосигурносните мерки или нивното зајакнување на свињарските фарми Атанасов смета дека за производителите не би требало да бидат големи. Агенцијата спроведе пилот-проект минатата година, објасни и додаде дека со него минатата година биле опфатени најголемите 12 фарми за свињи.

Бенефитот за фармерите, објасни Атанасов, од имплементирањето на биосигурносните мерки и нивното зајакнување ќе биде голем како од аспект на подобрувањето на здравствената заштита на животните, а со тоа и намалување на трошоците за лекување на животните, но најважно за нив ќе биде отворањето на новите пазари за извоз на свежо свинско месо и можноста за развој на гранката во целина. Тоа ќе овозможи подобрување на економската состојба и стандардот на самите фармери.

Атанасов истакна дека пред некој ден Агенцијата добила известување од Светската организација за здравствена заштита на животните дека македонскиот план за справување со болеста класична свинска чума ќе биде земен како урнек и ќе може врз основа на него и другите земји во светот да градат сопствени планови за итни мерки за справување со оваа болест.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik