pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 118.2474
USD 100.6875
CHF 104.1736
GBP 131.9431
CAD 77.6717
HRK 15.9189
BAM 60.4589
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
12.03.2018.Makfax Macedonia

Автопатот Демир Капија-Смоквица ќе биде во употреба од следниот месец

Автопатот Демир Капија-Смоквица ќе биде во употреба од следниот месецАвтопатот Демир Капија-Смоквица е завршен целосно и веќе следниот месец ќе биде пуштен во употреба, реагира Министерството за транспорт и врски, по прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со доизградбата на автопатот Демир Капија -Смоквица.

„Се очекува надзорниот орган до 15 март да даде позитивен извештај за изградбата и со тоа да се заокружи целиот проект за кој во јавноста се отворија многу контроверзии наследени од претходната власт. Министерството за транспорт и врски во рок од два месеца ги заврши сите процедури во врска со одобренијата за градење и со тоа во најкраток рок е изграден контролниот центар, а далноводот е дислоциран за да може сообраќајот да се одвива безбедно“, велат од Министерството.

Додаваат и дека по нивен предлог се направени и измени во Законот за градење со цел да се поедностават конкретни административни постапки што се однесуваат на добивање  употребна дозвола за да не се случи автопатот да биде надвор од употреба уште најмалку две години.

Министерството ја повика опозицијата да објасни зошто навремено не се завршиле административните постапки за одобренијата за изградба на контролниот центар во Неготино и за дислокација на далноводот за да може автопатот да биде пуштен во употреба во рамките на договорените рокови.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share