pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 118.0876
USD 101.6594
CHF 102.5867
GBP 134.834
CAD 76.4272
HRK 15.9939
BAM 60.3772
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
13.03.2018.Makfax Macedonia

Рудникот "Саса" ќе инвестира милион евра во нова технологија

Рудникот „Саса“ ќе инвестира милион евра во нова технологијаРудникот за олово и цинк „Саса“ постави нов рекорд – 500 дена без повреда на работно место. Тоа е најдолг временски период на денови без повреда на работно место во оваа индустрија во земјата, но и пошироко.

Претходниот рекорд на денови без повреда во рудникот „Саса“ во периодот од 11 години од рестартирањето на рудникот изнесуваше 210 дена.

„Среќни сме и се гордееме на ова достигнување што е резултат на заедничата работа на сите вработени и преземените мерки за заштита и почитување на процедурите. Како менаџмент планираме и понатаму да вложуваме во безбедноста на рударите и сите вработени во рудниот „Саса“ затоа што заштитата на здравјето и безбедноста е највисок прироритет за сите нас“, изјави генералниот директор на „Саса“, Неил Стевенсон.

Поради одбележување на ова значајно достигнување, сите вработени во компанијата добија парична награда, а беше организирана и пригодна свеченост.

„Им честитаме на сите вработени и на менаџментот на „Саса“ за нивната посветеност во одржување највисок степен на заштита и безбедност во рудникот. Како синдикат ние секогаш се залагаме за поголема безбедност на рударите и затоа навистина сме импресионирани од она што досега е вложено и што е планирано во иднина да се направи на ова поле во „Саса“, изјави Марија Анчева, генерален секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството – СИЕР.

Покрај вложувањата во безбедноста, новите сопственици на „Саса“, компанијата „Централ Азија металс“ од Лондон, продолжуваат и со инвестициите во нова најсовремена технологија во производството. Деновиве започна инсталацијата на новата СМД-мелница, во која се вложени над еден милион евра.

Новата постројка, која е единствена од ваков вид во земјата, ќе ги зголеми ефикасноста и сигурноста на технолошкиот процес на извлекување на цинковиот концентрат од рудата што се ископува во „Саса“.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share