Заврши откупот на тутунот, постигната највисока просечна откупна цена од 217,60 денари

Bez autora
Mar 21 2018

Во рамки на предвидениот законски рок заврши откупот на тутун од реколтата 2017. Откупот почна на 15 ноември лани, а заврши на 15 март 2018 година. Од регистрираните 9 откупни компании, на терен откуп вршеа 8 претпријатија. На еден правен субјект не му се дозволи вршење откуп на тутун поради необезбедени финансиски средства за исплата на целокупната договорена и откупена количина тутун од тековната реколта. Од страна на откупните тутунски претпријатија по општини и населени места пријавени се вкупно 146 откупни пунктови, и тоа за редовен откуп на суров тутун во лист од реколта 2017 година.

Заврши откупот на тутунот, постигната највисока просечна откупна цена од 217,60 денариВо рамки на предвидениот законски рок заврши откупот на тутун од реколтата 2017. Откупот почна на 15 ноември лани, а заврши на 15 март 2018 година.

Од регистрираните 9 откупни компании, на терен откуп вршеа 8 претпријатија. На еден правен субјект не му се дозволи вршење  откуп на тутун поради необезбедени финансиски средства за исплата на целокупната договорена и откупена количина тутун од тековната реколта.

Од страна на откупните тутунски претпријатија по општини и населени места пријавени се вкупно 146 откупни пунктови, и тоа за редовен откуп на суров тутун во лист од реколта 2017 година. При тоа откупени се вкупно 23.559.122 килограми тутун, со просечна откупна цена од 217,60 денари за килограм. Од Владата информираат дека откупениот тутун е во целост исплатен.

Од откупениот тутун, од типот Јака се откупени 2.447.601 килограми, со просечна откупна цена од 212,93 денари за килограм, а од типот Прилеп се откупени 21.111.455 килограми со просечна откупна цена од 218,14 денари за килограм.

Согласно со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, се воведе нов модел во три нивоа за субвенционирање на тутунот, со што е опфатен и тутунот од реколтата 2017.

Односно, субвенцијата за прва класа изнесува 80 денари за килограм, и тоа е првото ниво, за втора класа 70 денари, и третото ниво е 60 денари со субвенција за трета и четврта класа, како и за дополнителните класи. Воедно наскоро се очекува да се донесе и новиот Закон за тутун и тутунски производи, со кој  се укинува поднесувањето на евидентните листови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik