Скопје ќе биде домаќин на првиот Дигитален самит за Западен Балкан

Bez autora
Apr 10 2018

Првиот Дигитален самит за Западен Балкан ќе се одржи на 18 и 19 април во Скопје, на кој ќе учествуваат шефови на влади од Западен Балкан, министри одговорни за дигиталната агенда од земјите на Западен Балкан и земјите членки на Европската Унијa кои учествуваат во Берлинскиот процес, Европската комисија, Советот за регионална соработка, претставници од ИТ-индустрии и бизниси, академици, млади, со цел да се реализираат видливи резултати кога станува збор за дигитална платформа за размена на идеи и предлози. Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ќе бидат домаќин на Самиот во Скопје, во соработка со Советот за регионална соработка, и другите влади од Западен Балкан, ЕК и Германското федерално министерство за економски прашања и енергија.

Скопје ќе биде домаќин на првиот Дигитален самит за Западен БалканПрвиот Дигитален самит за Западен Балкан ќе се одржи на 18 и 19 април во Скопје, на кој ќе учествуваат шефови на влади од Западен Балкан, министри одговорни за дигиталната агенда од земјите на Западен Балкан и земјите  членки на Европската Унија (ЕУ) кои учествуваат во Берлинскиот процес, Европската комисија (ЕК), Советот за регионална соработка, претставници од ИТ-индустрии и бизниси, академици, млади, со цел да се реализираат видливи резултати кога станува збор за дигитална платформа за размена на идеи и предлози.

Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ќе бидат домаќин на Самиот во Скопје, во соработка со Советот за регионална соработка, и другите влади од Западен Балкан, ЕК и Германското федерално министерство за економски прашања и енергија.

На самитот ќе има панел-дискусии за дигитално поврзување; интегрирање на економиите на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар; подобрување на сајбер- безбедноста; подобрување на дигиталните вештини; дигитализација на индустријата и интерактивни дискусии помеѓу владите, академиците, претпријатијата, иноваторите, граѓанските организации, младинските организации итн.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik