ЕЛЕМ: Условите во тендерот се сменети заради поголема конкуренција

Bez autora
Apr 15 2018

Условите во тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола гласат ,,Економскиот оператор во последните 3 години да има извршено ископ на најмалку 900 илјади тони јаглен или 1 милион м3 јаловина или руда”, било каков вид. Ваква реакција упати ЕЛЕМ, по барањето на опозицијата да се поништи тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола. Од ЕЛЕМ велат дека условите во тендерот се проширени за да овозможат што поголема конкуренција, но од друга страна, конкуренција само на сериозни фирми кои се способни да извршат задача како што е копање јаглен во рудниците на РЕК Битола, а од чиј навремен и квалитетен ископ зависи производството на електрична енергија за Р. Македонија.

ЕЛЕМ: Условите во тендерот се сменети заради поголема конкуренцијаУсловите во тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола гласат  ,,Економскиот оператор во последните 3 години да има извршено ископ на најмалку 900 илјади тони јаглен или 1 милион м3 јаловина (земјени или карпести маси) или руда”, било каков вид. Ваква реакција упати ЕЛЕМ, по барањето на опозицијата да се поништи тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола.

Од ЕЛЕМ велат дека условите во тендерот се проширени за да овозможат што поголема конкуренција, но од друга страна, конкуренција само на сериозни фирми кои се способни да извршат задача како што е копање јаглен во рудниците на РЕК Битола, а од чиј навремен и квалитетен ископ зависи производството на електрична енергија за Р. Македонија.

„Целта е да не се повтори случајот со ТРАНСМЕТ, кој доби тендер за ископ, а по три месеци се откажа бидејќи не беше технички способен да го врши ископот. АД ЕЛЕМ одлучи да ги прошири условите во текот на тендерот, иако Државната комисија за жалби по јавни набавки сметаше дека нема потреба од тоа. Имено, Комисијата ја одби жалбата на една фирма која имаше забелешка на условите и донесе решение дека жалбата е неоснована.
Меѓутоа, АД ЕЛЕМ сепак ги прошири условите, но тие и натаму се доволно ригорозни и спречуваат пријавување на фирми кои не се технички и кадровски способни за извршување ископ од таков вид и обем, а од што зависи стабилноста на производството на електрична енергија за потребите на Р.Македонија“, се вели во реакцијата на ЕЛЕМ.

Акционерското друштво нагласува дека јагленот во РЕК Битола во следниот период ќе се откопува во услови на јагленова серија – од 4 слоја со меѓуслојна јаловија и сложени морфолошки услови.

ЕЛЕМ додава дека ископот ќе бара спроведување на посебна технологија, и несоодветниот ископ може да создаде ризик од губење на квалитетот на јагленот, може да се предизвика намалување на неговата калорична вредност поради помешување со јаловината (земја), или да не се исполни предвидената динамика за ископ на јаглен, односно да не се обезбеди навремено доволно јаглен за потребите на производството на електрична енергија за потребите во земјава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik