Македонија лидер во регионот по исполнување на енергетските реформи

Bez autora
Apr 15 2018

Во извештајот за одржлив развој на Енергетската заедница, посветен на земјите од Западен Балкан, Република Македонија е рангирана на првото место во регионот во однос на напредокот во исполнувањето на енергетските реформи. Македонија има највисоки оценки на листата од шесте земји од Западен Балкан - Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора, и тоа во областа на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, заштитата на животната средина, транспарентноста и условите за инвестиции во областа на енергетиката.

Македонија лидер во регионот по исполнување на енергетските реформиВо извештајот за одржлив развој на Енергетската заедница, посветен на земјите од Западен Балкан, Република Македонија е рангирана на првото место во регионот во однос на напредокот во исполнувањето на енергетските реформи, соопшти Министерството.

„Македонија има највисоки оценки на листата од шесте земји од Западен Балкан: Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора, и тоа во областа на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, заштитата на животната средина, транспарентноста и условите за инвестиции во областа на енергетиката.

Благодарение на динамиката на енергетските реформи, Македонија оваа година е рангирана на прво место, а во извештајот за одржлив развој на Европската енергетска заедница за јуни 2017 година беше рангирана во групата земји со значителна стагнација во однос на одржливите реформи во областа на енергетиката.

Кон крајот на март македонската Влада го одобри новиот Закон за енергетиката, предложен од Министерството за економија, а донесувањето на овој закон, главно, има економско влијание, бидејќи го означува крајот на монополот и доделувањето на правото на избор на потрошувачите, што значи дека малите и средните претпријатија, како и домаќинствата, ќе имаат право да изберат снабдувач на електрична енергија и природен гас.

Покрај тоа, предлженото решение ќе ја зголеми конкурентноста во доделувањето на премииите feed in во транспарентна постапка, која ќе вклучува аукција, што се очекува да придонесе за зголемување на инвестициите во енергетскиот сектор преку одржливи правни рамки“ се наведува во соопштението на Министерството за економија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik