На охридскиот аеродром слета првиот авион од Истанбул на „Онур Ер“

Bez autora
Apr 16 2018

Со воден мост во форма на виножито, локум, разнобојни колачиња и сечење торта, ТАВ Македонија ги пречека првите 180 патници кои попладнево пристигнаа на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле од Истанбул, во авион од типот Ербас А320 на авиокомпанијата Онур Ер, во организација на тур-операторот Татилбудур.ком. Новите сезонски летови Истанбул-Охрид-Истанбул ќе функционираат секоја недела, во периодот од 15-ти април до 21-ви октомври, со време на полетување од аеродромот Ататурк во Истанбул кон Охрид во 13 часот и 30 минути, додека од Охрид кон Истанбул ќе полетуваат во 15:00 часот. Ова ќе биде значителен придонес за порастот на вкупниот број турски туристи овде, како и за развојот на туризмот на Охридското Езеро воопшто.

На охридскиот аеродром слета првиот авион од Истанбул на „Онур Ер“Со воден мост во форма на виножито, локум, разнобојни колачиња и сечење торта, ТАВ Македонија ги пречека првите 180 патници кои попладнево пристигнаа на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле од Истанбул, во авион од типот Ербас А320 на авиокомпанијата Онур Ер, во организација на тур-операторот Татилбудур.ком.

Новите сезонски летови Истанбул-Охрид-Истанбул ќе функционираат секоја недела, во периодот од 15-ти април до 21-ви октомври, со време на полетување од аеродромот Ататурк во Истанбул кон Охрид во 13 часот и 30 минути, додека од Охрид кон Истанбул ќе полетуваат во 15:00 часот.

„Ова ќе биде значителен придонес за порастот на вкупниот број турски туристи овде, како и за развојот на туризмот на Охридското Езеро воопшто. Иако се организирани како туристички пакети, овие летови не се само туристички тури, туку и добра врска помеѓу двата града како за бизнис, така и за посети на роднини и пријатели. Покрај резервирањето на патувања преку Tatilbudur.com, патниците исто така, можат да купат авионски билети и индивидуално, директно на www.onurair.com“, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

„Се надеваме дека ќе постигнеме успех во Охрид, заокружувајќи широк спектар на нашето културно наследство. Летовите треба да ги привлечат не само патниците кои живеат во Македонија, туку и оние кои живеат во соседната држава Албанија, а авио-картите можат да се купат преку нашата веб-страница, како и преку авторизираните агенции за продажба“, изјави Теоман Тосун, Генерален директор на Онур ер.

ТАВ Македонија очекува фрекфентна летна сезона на аеродромот во Охрид. Покрај Истанбул, најавено е дека ќе бидат отворени уште 3 нови сезонски дестинации –Варшава, Талин и Ајндховен, покрај постоечките сезонски летови од Амстердам, Брисел, Тел Авив, Катовице, во периодот од април до октомври.

Полскиот тур-оператор Рего бис, кој почна сезонски летови од Катовице до Охрид во 2017 година, објави дека ќе воведе уште една дестинација – Варшава; естонската авиокомпанија Нордика ќе отпочне сезонски летови од Талин до Охрид; холандскиот тур-оператор ТУИ, кој веќе лета од Амстердам, ќе ги прошири своите операции во Охрид, воведувајќи го Ајндховен како нова дестинација.

Почнувајќи од ноември 2018 година пак, Виз Ер ќе воведе нова редовна линија од Охрид до Виена, која ќе биде оперативна во текот на целата година. Во моментов, на охридскиот аеродром има три редовни линии, до: Базел, Цирих и Лондон, кои сообраќаат преку целата година.

Вкупно 448.729 патници патувале преку македонските аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, во првите три месеци од 2018 година, што е пораст од 22% споредено со истиот период лани. Во исто време, на двата аеродроми се реализирале вкупно 4.018 летови, што е 19 % повеќе од првиот квартал во 2017 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik