Усвоени правилници со мерки за поддршка на мали и средни претпријатија

Bez autora
Apr 18 2018

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и ја усвои информацијата со правилници за мерките од планот за економски раст – столб 3. Како што информираат од прес-службата, правилниците се однесуваат на 4 мерки: Финансиска поддршка на мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст, посебна финансиска поддршка за микро претпријатија, финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за подобрување на иновативноста, како и за финансиска поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.

Усвоени правилници со мерки за поддршка на мали и средни претпријатијаВладата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и ја усвои информацијата со правилници за мерките од планот за економски раст – столб 3.

Како што информираат од прес-службата, правилниците се однесуваат на 4 мерки: Финансиска поддршка на мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“), посебна финансиска поддршка за микро претпријатија, финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за подобрување на иновативноста, како и за финансиска поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.

Исто така, Владата ќе формира работна група за следење на реализацијата на мерките од столб 3 од планот за економски раст, составена од кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за економија, Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на северозападна Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik