ЕЛЕМ плаќа 197 денари за услуга која порано била плаќана 120 денари

Bez autora
Apr 22 2018

Раководството на АД ЕЛЕМ склучи договор за ангажирање на работници за потребите на РЕК Битола по пат на непосредна спогодба со фирмата СВ-Инвест, во висина од 21 милион и 240 илјади денари, фирма чиј сопственик според нашите информации е близок пријател на директорот на РЕК Битола, тврди Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Имено според информациите со кои располагаме со оваа услуга СВ-Инвест ќе наплаќа 197 денари од час, додека порано истата услуга била вршена и за 120 денари од час. Што се смени во меѓувреме па цената на истата услуга одеднаш порасна за 77 денари? Информациите велат дека СВ-Инвест од парите добиени за час работа за вработените на работниците им дава 97 денари од час, рече тој.

ЕЛЕМ плаќа 197 денари за услуга која порано била плаќана 120 денариРаководството на АД ЕЛЕМ склучи договор за ангажирање на работници за потребите на РЕК Битола по пат на непосредна спогодба со фирмата СВ-Инвест, во висина од 21 милион и 240 илјади денари, фирма чиј сопственик според нашите информации е близок пријател на директорот на РЕК Битола, тврди Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено според информациите со кои располагаме со оваа услуга СВ-Инвест ќе наплаќа 197 денари од час, додека порано истата услуга била вршена и за 120 денари од час. Што се смени во меѓувреме па цената на истата услуга одеднаш порасна за 77 денари? Информациите велат дека СВ-Инвест од парите добиени за час работа за вработените на работниците им дава 97 денари од час“, рече тој.

Според Ѓорѓиевски, дополнителен сомнеж отвора фактот што покрај постапката во четири очи е водена и транспарентна јавна постапка, но истата откако договорот го добила фирмата СВ-Инвест била поништена.

„Раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговори зошто спроведува двојни постапки и зошто наместо по пат на транспарентна и редовна постапка, каде што постои конкуренција и судир на понуди склучува договори во четири очи“, рече Ѓорѓиевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik