Објавен јавниот повик за изведувач за програмата "Јужновардарска Долина, втора фаза"

Bez autora
May 22 2018

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за изведувач за проектот за наводнување на јужната долина на Вардар, втора фаза. Проектот предвидува изградба на водостопанска структура за пренасочување на реката Вардар, рехабилитација на водозафатот и целосно автоматизирана пумпна станица. Ќе се гради главен гравитационен цевковод со 4 препумпни станици и ќе се модернизира мрежата за наводнување. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги повика сите квалификувани понудувачи да достават понуди за изведба на работите на системот за наводнување „Валандово“, кој е опфатен со проектот. Јавниот повик трае до 4 јули годинава.

Објавен јавниот повик за изведувач за програмата Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за изведувач за проектот за наводнување на јужната долина на Вардар, втора фаза.

Проектот предвидува изградба на водостопанска структура за пренасочување на реката Вардар, рехабилитација на водозафатот и целосно автоматизирана пумпна станица. Ќе се гради главен гравитационен цевковод со 4 препумпни станици и ќе се модернизира мрежата за наводнување.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги повика сите квалификувани понудувачи да достават понуди за изведба на работите на системот за наводнување „Валандово“, кој е опфатен со проектот. Јавниот повик трае до 4 јули годинава.

Овој систем, кој се наоѓа во општина Валандово, покрива наводнувана површина од 2.032 хектара. Четирите препумпни станици ќе обезбедат вода за 1.080 хектари во долната зона и 952 хектари во горната зона.

„Проектот е од витално значење за македонското земјоделство, чија основна цел е да ги подобри условите за живеење на населението во јужната долина на реката Вардар. Преку одржливо управување со водните ресурси, ќе придонесеме кон зголемување на просечниот интензитет на засаденост и зголемување на приносите на главните култури. Бенефит ќе имаат 1.300 домаќинства или 4.500 граѓани што живеат во атарот на селата Удово, Јосифово и Пирава. Изградбата на новиот систем за наводнување ќе обезбеди континуирано снабдување со вода за наводнување 24 часа, 365 дена во годината, со што ќе се создадат услови за обработување на сите расположливи земјоделски површини во ова подрачје“, изјави министерот Николовски.

Тој рече дека постојниот систем за наводнување е во многу лоша состојба и не испорачува вода во повисоките зони. Во пониските зони, пак, испорачува само 2 месеца во годината.

Проектот се финансира со 70 отсто од средствата на Владата на Сојузната Република Германија преку развојната германска банка КФВ и со 30 отсто од средствата од Владата на Република Македонија. З

а реализација на оваа втора фаза германската банка КФВ во декември минатата година на МЗШВ му одобри дополнителни финансиски средства во износ 4 милиони евра во форма на грант. Изведбата на градежните работи се очекува да започне во средината на септември и ќе трае 21 месец.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik