Започна имплементацијата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите

Bez autora
Jun 18 2018

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши, на прес-конференција во Владата ги презентираа усвоените правилници за добивање и исплата на финансиска поддршка, со што практично е овозможена имплементација на мерките што произлегуваат од Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Анѓушев истакна дека правилниците за добивање и исплата на финансиска поддршка се усвоени и стапија во сила на 7 јуни оваа година и со тоа е овозможена имплементација на мерките од првиот и вториот столб од планот за економски раст. Ги повикувам сите компаниии од Република Македонија, кои имаат реализирано нови инвестиции и кои имаат вработено нови луѓе во текот на 2017 година, до крајот на јуни да аплицираат за финансиска поддршка од страна на Владата.

Започна имплементацијата на Законот за финансиска поддршка на инвестициитеЗаменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши, на прес-конференција во Владата ги презентираа усвоените правилници за добивање и исплата на финансиска поддршка, со што практично е овозможена имплементација на мерките што произлегуваат од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Анѓушев истакна дека правилниците за добивање и исплата на финансиска поддршка се усвоени и стапија во сила на 7 јуни оваа година и со тоа е овозможена имплементација на мерките од првиот и вториот столб од планот за економски раст.

„Ги повикувам сите компаниии од Република Македонија, кои имаат реализирано нови инвестиции и кои имаат вработено нови луѓе во текот на 2017 година, до крајот на јуни да аплицираат за финансиска поддршка од страна на Владата. Постапката за аплицирање е едноставна и освен барањето, кое е достапно на веб-страниците на владините институции, потребно е да се достават и други документи што компаниите ги имаат во секој момент. Средствата во буџетот се обезбедени и очекуваме со овие мерки да ги стимулираме компаниите уште похрабро да инвестираат и да вработуваат. Сметаме дека овој закон и мерките се најтранспарентниот начин за доделување државна поддршка на компаниите и за економски раст и развој на Република Македонија“, потенцира Анѓушев.

Вицепремиерот додаде дека реализацијата на мерките од третиот столб е веќе започната, првиот јавен повик е завршен, а пристигнати се над 200 апликации од компании на овој повик.

Министерот за економија, Бектеши, нагласи дека процесот за реформа на системот за државна поддршка на компаниите е заокружен на транспарентен начин преку јавни дебати и дискусии и во соработка со стопанските комори и компаниите.

„До крајот на оваа година ќе овозможиме финансиска поддршка за сите компании што направиле инвестиции во 2017 година имајќи ги превид мерките од трите столба на планот за економски раст. Сите компании што се лоцирани во ТИРЗ барањата за финансиска поддршка треба да ги достават до Дикрекцијата за ТИРЗ, а компаниите што работат надвор од слободните зони своите барања ги доставуваат до Агнецијата за странски инвестиции и промоција на извозот“, нагласи Бектеши.

Министерот појасни дека, освен стандардизиран формулар/барање, компаниите до надлежните институции треба да достават и писмо со намери, деловен план за инвестициски проект, тековна состојба за деловниот субјект, издадена од Централниот регистар, потврда од Централен регистар дека над деловниот субјект не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, потврда од Царинската управа дека деловниот субјект нема неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки, уверение од Управата за јавни приходи дека нема настанати и ненамирени даночни обврски, годишни сметки со финансиски извештаи и консолидирани годишни сметки и консолидирани финансиски извештаи за последните четири години или за пократок период во зависност од датумот на кој деловниот субјект е основан или започнал со дејност, како и потврда од надлежен орган на странска држава за пријавено живеалиште или привремен престој за државјани на Република Македонија, кое се однесува за инвеститори од дијаспората.

На прес-конференцијата беше презентиран и калкулаторот за финансиска поддршка на инвестиции и за конкурентост, електронска алатка што може да им послужи на компаниите однапред и апроксимативно да пресметаат колкав износ на државна подддршка може да очекуваат во однос на направените инвестиции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik