Процесот за безвизен режим меѓу Македонија и Кина е во крајна фаза

Bez autora
Jul 08 2018

Процесот за воспоставување на безвизен режим меѓу Македонија и Кина е во крајна фаза. За ова било разговарано и на средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот кинески колега, Ли Кечијанг, и кинеската владина делегација на маргините на седмиот Самит на шефови на влади од процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1). Со укинувањето на визите, Заев рече дека очекува да се зголеми движењето и комуникацијата помеѓу граѓаните на двете земји што ќе резултира со развој на туризмот, поголема културна соработка, поврзување и воспоставување на поблиски релации. Сакаме да ги отвориме перспективите за продлабочување на економската соработка со Народна Република Кина и да соработуваме на проекти кои ќе придонесат за инфраструктурен и економски развој на земјата.

Процесот за безвизен режим меѓу Македонија и Кина е во крајна фазаПроцесот за воспоставување на безвизен режим меѓу Македонија и Кина е во крајна фаза. За ова било разговарано и на средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот кинески колега, Ли Кечијанг, и кинеската владина делегација на маргините на седмиот Самит на шефови на влади од процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1).

Со укинувањето на визите, Заев рече дека очекува да се зголеми движењето и комуникацијата помеѓу граѓаните на двете земји што ќе резултира со развој на туризмот, поголема културна соработка, поврзување и воспоставување на поблиски релации.

„Сакаме да ги отвориме перспективите за продлабочување на економската соработка со Народна Република Кина и да соработуваме на проекти кои ќе придонесат за инфраструктурен и економски развој на земјата“, истакна премиерот Заев кој рече дека е многу значајна поддршката што кинеската Влада ја пружа во напорите за забрзување на изградбата на двата автопати, Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип.

Кечијанг порача дека Кина ќе продолжи и понатаму да ја поддржува Република Македонија и истакна дека зголемувањето на соработката е многу важно бидејќи двете земји се насочени кон економски развој кој треба да придонесе кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik