"Теламон" со државна помош ќе инвестира во Македонија

Bez autora
Jul 15 2018

Министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, потпиша договор за државна помош со американската компанија „Теламон“, претставувана од директорот на претставништвото во Скопје, Том Пуза. Компанијата, која се занимава со производство на кабли и е присутна на американскиот пазар и пазарите во Мексико и Кина, планира почетна инвестиција во Македонија од четири милиони евра и 300 нови работни места, со проекција во развојниот план да биде достигната вредност од 11 милиони евра и отворање 600 нови работни места.

"Теламон" со државна помош ќе инвестира во МакедонијаМинистерката без ресор, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, потпиша договор за државна помош со американската компанија „Теламон“, претставувана од директорот на претставништвото во Скопје, Том Пуза.

Компанијата, која се занимава со производство на кабли и е присутна на американскиот пазар и пазарите во Мексико и Кина, планира почетна инвестиција во Македонија од четири милиони евра и 300 нови работни места, со проекција во развојниот план да биде достигната вредност од 11 милиони евра и отворање 600 нови работни места.

Посочувајќи дека предвидената поддршка е во делот на поврат по основ на инвестициски вложувања, вработувања со плати над 18.000 денари, извоз, корпоративен и персонален данок, министерката Апостолска истакна дека инвестицијата, која ќе биде во Инџиково, општина Гази Баба, е огромна придобивка која позитивно ќе влијае на домашниот бруто-производ (БДП), со оглед на тоа што ќе овозможи нови работни места, трансфер на стручни знаења и зголемена соработка со домашните компании.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik