Седумдесет и девет микро, мали и средни претпријатија добија грантови од 10.5 милиони евра

Bez autora
Jul 15 2018

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со заменикот претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, додели грантови од првиот јавен повик за финансирање мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3. столб. Ќе доделиме грантови во висина од 10.5 милиони евра, или 638 милиони денари, на 79 микро, мали и средни претпријатија кои аплицираа на првиот јавен повик за финансирање од Планот за економски раст. Денешниот ден некако непланирано се наметнува како симбол на нашата заедничка перспективна иднина, којашто нè очекува по зачленувањето на нашата земја во НАТО.

Седумдесет и девет микро, мали и средни претпријатија добија грантови од 10.5 милиони евраПретседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, заедно со заменикот претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, додели грантови од првиот јавен повик за финансирање мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3. столб, кој се одржа во Македонската филхармонија.

„Ќе доделиме грантови во висина од 10.5 милиони евра, или 638 милиони денари, на 79 микро, мали и средни претпријатија кои аплицираа на првиот јавен повик за финансирање од Планот за економски раст.

Денешниот ден некако непланирано се наметнува како симбол на нашата заедничка перспективна иднина, којашто нè очекува по зачленувањето на нашата земја во НАТО. Тоа е иднина на безброј можности, нови инвестиции и иновации.

Денеска во Владата потпишавме и договор за државна помош со нова,  странска инвестиција, американската компанија ‘Теламон’, а идната недела, в понеделник следува уште една странска компанија“,  рече премиерот Заев.

Тој порача дека заложбите на Владата се еднакво помагање на домашните и странските инвестиции.Заев најави дека следува и втор инвестициски бран со обезбедени средства од Владата, за поддршка на компании кои аплицираа со своите квалитетни проекти за третиот столб од Планот за економски раст.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik