"Дура" е деветта американска инвестиција во Македонија

Bez autora
Jul 16 2018

Министерот за економија, Крешник Бектеши, присуствуваше на свеченото отпочнување на проектот на американската компанија DURA Automotive Systems, која ја претстави како глобален снабдувач на оригинални компоненти за најреномираните производители на автомобили ширум светот. Новата фабрика во Македонија, која се очекува да почне со работа за една година, ќе обезбеди 500 нови работни места, а ќе биде нивна 37. локација во светот и 16. локација во Европа. На мое големо задоволство менаџментот на ‘Дура аутомотив системс’ ги препозна неколкуте клучни придобивки поради кои Македонија е првиот избор за поддршка на нивниот раст во Европа – технички способната работна сила, добрата инфраструктура и силната поддршка за странски инвестиции.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, присуствуваше на свеченото отпочнување на проектот на американската компанија DURA Automotive Systems, која ја претстави како глобален снабдувач на оригинални компоненти за најреномираните производители на автомобили ширум светот.

Новата фабрика во Македонија, која се очекува да почне со работа за една година, ќе обезбеди 500 нови работни места, а ќе биде нивна 37. локација во светот и 16. локација во Европа.

„На мое големо задоволство менаџментот на ‘Дура аутомотив системс’ ги препозна неколкуте клучни придобивки поради кои Македонија е првиот избор за поддршка на нивниот раст во Европа – технички способната работна сила, добрата инфраструктура и силната поддршка за странски инвестиции. Сето тоа, заедно со остварениот прогрес во евро-атланските интеграции, бизнис ориентираната клима и мерките што ги креиравме со Планот за економски раст е пoказател дека сме на вистинскиот пат и градиме економија која ќе продуцира нови работни места, поголема ефикасност, продуктивност и конкурентност на компаниите, зголемување на извозот и пораст на инвестициите, кон крајната цел – повисок животен стандард и подобар живот за нашите граѓани“, истакна Бектеши.

Во фабриката, на површина од 16 000 метри квадратни, ќе се произведуваат екстериерни алуминиумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили.

Мајк Бекет, потпретседател на „Дура“, истакна: „Во споредба со другите избори, Скопје има севкупна супериорна оценка и е најдобро по однос на способност на работната сила, ангажман од страна на Владата и веројатно за успешен процес на работа“ .

Тој нагласи дека од неколку технолошки центри во Јужна и Северна Америка и Европа „Дура“ развива целосни системи и модели за водечки производители во автомобилската индустрија како „ауди“, „фолксваген“ и други.

Според премиерот Зоран Заев, почетокот на изградбата на фабриката на „Дура“ е показател дека Македонија сериозно се позиционира како стабилна и долгорочна дестинација за инвеститорите.

„Неодамнешната покана за членство во НАТО, почетокот на преговори со ЕУ ќе резултираат со уште поголема доверба и нови инвеститори“, рече Заев, потенцирајќи дека членството во НАТО ќе обезбеди сигурност за инвестициите и нивно зголемување во Македонија по примерот на друигте држави, како Бугарија и Естонија, каде вкупното учество на инвестициите од околу седум проценти во БДП по членството во Алијансата се зголемило на 19,8 проценти, односно 13,5 проценти.

Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, капацитетот на „Дура“ е деветта американска инвестиција во државава кои овозможуваат 9 500 вработувања. Тој потсети дека 40 проценти од капиталот во зоните е од САД, а изборот на „Дура“ за влез на македонскиот пазар е доказ дека Владата има транспарентна и конкурентна политика за инвеститорите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik