pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 118.5311
USD 103.4032
CHF 103.7835
GBP 134.6638
CAD 79.1632
HRK 15.97
BAM 60.604
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
08.08.2018.Makfax Macedonia

За 11 дена завршува јавниот повик за купување земјоделско земјиште под оранжерии

За 11 дена завршува јавниот повик за купување земјоделско земјиште под оранжерииУште 11 дена трае јавниот повик за доставување  понуди за интерес за купување  земјоделско земјише во државна сопственост под оранжерии и помошни објекти во функција на оранжеријата, како и стопанскиот двор во функција на оранжеријата, изјави шефот на кабинет во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на коешто се наоѓа оранжеријата, а коешто во моментов е во државна сопственост. Со повикот се овозможува купување и стекнување сопственост врз земјиштето, а со самото тоа и вложување во инвестиции, кредитирање, користење на ИПАРД-програмата.

Со оглед на тоа дека оранжериското производство е извозно ориентирана гранка, инвестирањето во модернизирање и зголемување на производството е клучно за конкурентноста на оваа гранка.

Затоа до крајниот рок, кој истекува на 18 август, а тоа е следната сабота, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите сопственици на оранжерии кои се заинтересирани да го откупат земјиштето да го запазат рокот и да достават комплетна документација.

Потенцираме, дека особено во документацијата е важно проценките за вредноста на земјиштето да бидат напревени од Бирото за судски вештачења.

Ова е важно за Комисијата да постапи навреме и да има што поголем број прифатени понуди. Цената на земјиштето се утврдува според Методологијата за процена на пазарната вредност на земјоделско земјиште во државна сопствеост под оранжерии и објекти кои се во функција на земјоделското производство, којашто беше донесена крајот на јануари оваа година.

На јавниот повик може да аплицираат сите што имаат легализиран објект во функција на земјоделско производство. Ова е прв ваков јавен повик, до крајот на годината планирано е да се објават уште два јавни повици. На овој прв јавен повик, според проценката на МЗШВ се очекува да се достават околу 40 тина понуди, а договорите би се склучиле на почетокот на следниот месец.

Ова е првиот чекор за продажба на државно земјоделско земјиште, а во следниот период политиката на МЗШВ ќе биде насочена кон спроведување постапки за продажба на државно земјоделско земјиште под долгогодишни култури, особено на лозовите насади.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share