Стопанските комори бараат одложување на даночните реформи за најмалку 5 години

Bez autora
Sep 13 2018

Четирите стопански комори, потписници на платформата за јавно-приватен дијалог – Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопанските комори на Македонија – испратија официјален допис до Министерството за финансии, со што го поздравија одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување. „Во текот на изминатите неколку месеци членовите на платформата спроведоа заедничко истражување на 546 домашни претпријатија и организираа две фокус-групи по однос на ставот за прогресивното даночење и последиците што тој ќе ги донесе врз развојот на македонската економија. Анализата на резултатите јасно го истакна ставот на бизнис-заедницата дека доколку прогресивното даночење се реализира, во моментот тоа би имало негативни последици врз целата бизнис-заедница. Во согласност со направеното истражување, при изработката на официјалниот позиционен документ стопанските комори вертикално се усогласија во сите структури и го изразија својот став по однос на ова прашање“, се вели во соопштението на четирите стопански комори.

Четирите стопански комори, потписници на платформата за јавно-приватен дијалог – Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопанските комори на Македонија – испратија официјален допис до Министерството за финансии, со што го поздравија одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување.

„Во текот на изминатите неколку месеци членовите на платформата спроведоа заедничко истражување на 546 домашни претпријатија и организираа две фокус-групи по однос на ставот за прогресивното даночење и последиците што тој ќе ги донесе врз развојот на македонската економија. Анализата на резултатите јасно го истакна ставот на бизнис-заедницата дека доколку прогресивното даночење се реализира, во моментот тоа би имало негативни последици врз целата бизнис-заедница. Во согласност со направеното истражување, при изработката на официјалниот позиционен документ стопанските комори вертикално се усогласија во сите структури и го изразија својот став по однос на ова прашање“, се вели во соопштението на четирите стопански комори.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik