Почна изградбата на фабриката „Индустри сервис“ во Маџари

Bez autora
Sep 16 2018

Почна изградбата на новиот објект на компанијата „Индустри сервис“, специјализирана за производство на храна, во скопската населба Маџари. Од Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев соопштија дека овој објект за подготовка на храна ќе претставува најголем и најсовремен угостителски капацитет од овој тип на цела територија на Македонија. Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, рече дека целна група ќе бидат домашните и странските компании во земјава со над 300 вработени. Сопственикот на компанијата, Драган Смилковски, рече дека во моментов компанијата вработува преку 150 лица, додека во новиот објект ќе се инвестираат околу 1,5 милиони евра, а планирани се до 100 нови работни места.

Почна изградбата на фабриката „Индустри сервис“ во МаџариПочна изградбата на новиот објект на компанијата „Индустри сервис“, специјализирана за производство на храна, во скопската населба Маџари.

Од Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев соопштија дека овој објект за подготовка на храна ќе претставува најголем и најсовремен угостителски капацитет од овој тип на цела територија на Македонија.

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, рече дека целна група ќе бидат домашните и странските компании во земјава со над 300 вработени.

Сопственикот на компанијата, Драган Смилковски, рече дека во моментов компанијата вработува преку 150 лица, додека во новиот објект ќе се инвестираат околу 1,5 милиони евра, а планирани се до 100 нови работни места.

Тој рече дека компанијата соработува со големи индустриски капацитети приштo дневно произведуваат околу 9.000 оброци, односно над 2 милиони оброци годишно, а со новиот капацитет производството се удвојува.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека станува збор за семејна компанија.

„Станува збор за семејна компанија, која започнала како мала, а во текот на годините се проширувала. Факт е дека во многу земји индустријата се заснива на семејни компании, а добар пример за тоа е Германија, каде 70% од компаниите се семејни, со долга традиција и кои се развивале со паметен менаџмент“, потенцираше Анѓушев.

Тој додаде дека компанијата „Индустри сервис“ е корисник на проектот „Странски експерти за домашни компании“ и токму во декември странски експерт ќе помогне со реализација на новата инвестција.

„Оваа компанија аплицираше за користење на мерките од третиот столб, кој се спроведува преку ФИТР, нивната апликација е позитивно оценета и се очекува да биде поддржана во вториот бран“, дополни Анѓушев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik