pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 117.912
USD 103.6316
CHF 105.9788
GBP 132.0995
CAD 78.5399
HRK 15.9078
BAM 60.2874
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
11.10.2018.Makfax Macedonia

Заостанатите сметки за вода и смет ќе можат да се платат без камата до 3. ноември

Заостанатите сметки за вода и смет ќе можат да се платат без камата до 3. ноемвриСкопските јавни претпријатија „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“ ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

„Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15. октомври до 3. ноември годинава“, се наведува во соопштението.

Физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, појаснуваат од „Водовод и канализација“ и „Комунална хигиена“ и додаваат дека и натаму ќе спроведуваат мерки и проекти во интерес на граѓаните на градот Скопје.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share