Македонија 10-та во светот во извештајот „Дуинг бизнис“

Bez autora
Nov 01 2018

Светската банка во извештајот „Дуинг бизнис“ за 2019 година ја рангира Македонија на високото 10. место во светот, односно на 5. место во Европа според условите за водење бизнис во конкуренција од 190 земји. Во однос на претходната година позицијата на Македонија е подобрена за едно место. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, рече дека за бизнисот е важно подобрувањето на регулативата што го забележува овој извештај, но уште поважни се политиките што ги спроведува Владата за фер третман на фирмите. За разлика од порано, не постојат политички притисоци врз бизнис-секторот. Повратот на ДДВ се врши технички без селективност и бргу. Имаме поддршка за домашните бизниси. Ова покажува дека за нас е битно приватниот сектор да има еднакви и фер можности за да оди напред.

Македонија 10-та во светот во извештајот „Дуинг бизнис“Светската банка во извештајот „Дуинг бизнис“ за 2019 година ја рангира Македонија на високото 10. место во светот, односно на 5. место во Европа според условите за водење бизнис во конкуренција од 190 земји. Во однос на претходната година позицијата на Македонија е подобрена за едно место.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, рече дека за бизнисот е важно подобрувањето на регулативата што го забележува овој извештај, но уште поважни се политиките што ги спроведува Владата за фер третман на фирмите.

„За разлика од порано, не постојат политички притисоци врз бизнис-секторот. Повратот на ДДВ се врши технички без селективност и бргу. Имаме поддршка за домашните бизниси. Ова покажува дека за нас е битно приватниот сектор да има еднакви и фер можности за да оди напред. Работиме и на регулативата за поповолна клима за инвеститорите. Финално она што е многу важно за инвеститорите се преспективите за приклучување кон ЕУ и НАТО. Интеграција на земјата во НАТО заедно со добро рангирање на ‘Дуинг бизнис’ ќе биде најголема поддршка и придонес за пододбрување на привлекувањето инвестиции во Македонија“, рече Тевдовски.

Десетото место ја рангира Македонија како убедливо најдобра земја во регионот за водење бизнис, пред Словенија, Турција, Косово, Србија, Црна Гора, Романија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Грција и Босна и Херцеговина. Македонија е исто така рангирана пред 26 земји членки на ЕУ. Пред Македонија на глобално ниво се наоѓаат единствено Нов Зеланд, Сингапур, Данска, Хонг Конг, Јужна Кореја, Грузија, Норвешка, САД и Велика Британија.

Во извештајот „Дуинг бизнис“ за 2019 година Македонија е посочена како една од земјите што во континуитет работат на подобрување на деловното окружување. Притоа, особено се истакнати преземените мерки за издавањето дозволи за градба, односно намалувањето на таксите за дозволи за градба.

Македонија е најдоброрангирана во индикаторот „Заштита на малцински инвеститори“, каде што е позиционирана на 7. место во светот, а висок ранг има и кај индикаторите „Пристап до кредити“ (12. место), како и кај „Условите за дозволи за градба“ (13. место).

Оценувањето за извештајот се однесува на периодот од средината на 2017 до средината на 2018 година, односно е со пресечен датум 1 мај 2018, а се базира на информации добиени од државните институции и приватниот сектор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik