Нема да се гради нова фабрика за тешка индустрија во склоп на „Железара“

Bez autora
Nov 04 2018

Од Општината Гази Баба велат дека не е вистина оти ќе се гради нова фабрика за тешка индустрија во рамките на комплексот „Железара“. Како што додаваат оттаму, самиот опфат, во согласност со ГУП, кој е со важност до 2021 година, предвидува и таква намена, но вистината е сосем поинаква. Со овој објавен оглас се опфаќаат компатибилни намени од Г1, Г2, Г3 и Г4, кои се однесуваат на лесна и незагадувачка индустрија. Исто така, во објавениот оглас се предвидува и намени од Д1, Д2, Д3 и Д4, кои се однесуваат на јавно и заштитно зеленило, како и намени Б2 и Б4, односно деловни објекти, се наведува во реакцијата на Општината.

Нема да се гради нова фабрика за тешка индустрија во склоп на „Железара“Од Општината Гази Баба велат дека не е вистина оти ќе се гради нова фабрика за тешка индустрија во рамките на комплексот „Железара“.

Како што додаваат оттаму, самиот опфат, во согласност со ГУП, кој е со важност до 2021 година, предвидува и таква намена, но вистината е сосем поинаква.

„Со овој објавен оглас се опфаќаат компатибилни намени од Г1, Г2, Г3 и Г4, кои се однесуваат на лесна и незагадувачка индустрија. Исто така, во објавениот оглас се предвидува и намени од Д1, Д2, Д3 и Д4, кои се однесуваат на јавно и заштитно зеленило, како и намени Б2 и Б4, односно деловни објекти“, се наведува во реакцијата на Општината.

Оттаму смируваат дека нема место за паника и дека граѓаните може да бидат спокојни зашто во општина Гази Баба нова фабрика за тешка индустрија нема да се гради.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik