Решени се проблемите поврзани со автопатот Кичево-Охрид и заштедени се 95 милиони евра

Bez autora
Nov 05 2018

Граѓаните ќе се возеа по многу нови автопатишта да не беше криминалната власт на Никола Груевски и Миле Јанакиески, кои, мислејќи само на провизии и лично богатење, оставија целосен хаос и предизвикаа огромни штети, реагираат од СДСМ. Преку презентираните докази во судските постапки за еден од случаите поврзани со зделките за автопатиштата, целата јавност има увид како поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски и Миле Јанакиески безмилосно ги кршеле законите. На штета на граѓаните и само заради лично богатење бил заобиколен Законот за јавните набавки, а штета врз буџетот со директниот договор е над 155 милиони евра.

Решени се проблемите поврзани со автопатот Кичево-Охрид и заштедени се 95 милиони евраГраѓаните ќе се возеа по многу нови автопатишта да не беше криминалната власт на Никола Груевски и Миле Јанакиески, кои, мислејќи само на провизии и лично богатење, оставија целосен хаос и предизвикаа огромни штети, реагираат од СДСМ.

„Преку презентираните докази во судските постапки за еден од случаите поврзани со зделките за автопатиштата, целата јавност има увид како поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски и Миле Јанакиески безмилосно ги кршеле законите.

На штета на граѓаните и само заради лично богатење бил заобиколен Законот за јавните набавки, а штета врз буџетот со директниот договор е над 155 милиони евра.

Тоа е истиот Никола Груевски, ментор на Христијан Мицкоски, преку кого фирмите на Мицкоски добиле 33 илјади квадратни метри земјиште за хидроцентрали. Тоа е истиот Миле Јанакиески чии најблиски соработници, Димовски и Јанушев, се дел од шемите со фирмите на Мицкоски и дел од антизапдното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Да мислеле Груевски и Јанакиески на граѓаните, а не на провизиите, немаше автопатот да го остават без ниту една клучка да не може месното население да се приклучи.

Да мислеле на автопатот, а не на провизиите во стилот – да не претераме, немаше тунелот да биде целосно промашен.

Одговорната власт предводена од СДСМ ги санира штетите од криминалното владеење на менторот на Мицкоски, Никола Груевски, и неговиот Миле Јанакиески, решени се сите наследени проблеми поврзани со овој автопат и заштедени се 95 милиони евра народни пари“, велат од владејачката партија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik