pretraga

kursna lista

RS

BA

HR

MK

EUR 118.4426
USD 104.3915
CHF 105.1235
GBP 131.8226
CAD 77.9381
HRK 15.9937
BAM 60.5587
EUR 1.955830
CAD 1.349428
HRK 26.179579
CHF 1.775370
GBP 2.573629
USD 1.757863
RSD 1.592767
CAD 5.051136
CZK 0.281834
CHF 6.985052
GBP 9.636229
USD 6.918497
EUR 7.624184
PLN 1.743468
EUR 61.505
USD 46.5066
GBP 72.8128
CHF 46.4119
CAD 45.4818
06.12.2018.Makfax Macedonia

Владата се задолжи со нови 21,1 милион евра

Владата се задолжи со нови 21,1 милион евраВчера, неспособната власт предводена од Заев, Тевдовски и Анѓушев ги задолжи граѓаните со 21,1 милион евра преку аукција на државни хартии од вредност. Од тие пари, околу половина се нов нето-долг на државата, обвини Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно економската политика на Владата се сведе само на задолжување бидејќи ништо друго не работат. Нивото на реализација на капиталните инвестиции за 2018 е бедно, односно 40 отсто, а се наоѓаме пред крајот на буџетската година. Ниту се градат патишта, ниту болници, ниту училишта, детски градинки, водоводи, канализации. Јавноста со право се прашува каде завршуваат парите од буџетот и кредитите со кои нè товари оваа власт?“, прашува таа.

Јавниот долг на државата, додаде таа, галопирачки расте и тоа го посочуваат и меѓународните финансиски институции.

„Надминати се сите психолошки бариери на долгови. Едноставно кажано, оваа власт ги донесе до работ на бездната стопанството и целата економија, а со бесцелното задолжување го прави и последниот чекор. Оваа однародена власт по принципот ситиот гладниот не го верува, наместо за потребите на граѓаните, се посвети на личното богатење на функционерите и нивните семејни бизниси.

Ветуваа живот, а донесоа преживување на кредит. Ѝ замачкуваат очи на јавноста со статистички гимнастики, манипулативни прес-конференции и ветувања од типот само што не ни тргнало, а веќе се на половина од својот мандат“, рече Кузмановска.

Ocena
Vaša ocena
Bookmark and Share