Над 100 компании оваа година ќе добијат финансиска помош од државата

Bez autora
Dec 08 2018

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, во придружба на министерот задолжен за странски инвестиции, Бардул Даути, и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, ја посети компанијата „Комфи Ангел“ во Прилеп. По средбата со менаџментот на компанијата и увидот во производствениот процес, вицепремиерот Анѓушев истакна дека „Комфи Ангел“ е една од компаниите што ги задоволуваат условите за користење на средствата од Законот за финансиската поддршка на инвестициите и компанија со која Владата има склучено договор за финансиска поддршка.

Над 100 компании оваа година ќе добијат финансиска помош од државатаЗаменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, во придружба на министерот задолжен за странски инвестиции, Бардул Даути, и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, ја посети компанијата „Комфи Ангел“ во Прилеп.

По средбата со менаџментот на компанијата и увидот во производствениот процес, вицепремиерот Анѓушев истакна дека „Комфи Ангел“ е една од компаниите што ги задоволуваат условите за користење на средствата од Законот за финансиската поддршка на инвестициите и компанија со која Владата има склучено договор за финансиска поддршка.

„Комфи Ангел“ е одлична компанија, со извозно ориентирано производство и работи за реномирани светски брендови и очекуваме дека со ваквата поддршка тие ќе ги зголемуваат своето производство и извозот. Оваа година ќе бидат поддржани над 100 компании, а за в година имаме проектирано 36 отсто повеќе средства за поддршка на македонското стопанство“, истакна вицепремиерот Анѓушев.

Од „Комфи Ангел“ велат дека ова е првпат компанијата да добие финансиска помош од Владата по 14 години постоење и работење.

„Тоа ќе биде голема помош за нас компаниите, да се едуцираме и информираме, што значи да не ги кршиме регулативите. Глобата не носи ефект ни за државата ни за компанијата, таа има едностран импакт. Многу е поквалитетно и подобро кога некој ќе ви укаже на кој начин треба да ја имплементирате регулативата и тоа со цел да ги градиме своите бизниси на посакуваното ниво“, изјави Ирена Јакимовска, косопственик на „Комфи Ангел“.

Во насока на градење стабилна и здрава економска клима со балансирана поддршка на домашните компании, но и континуиран фокус на странските, Анѓушев оваа година ја оцени како успешна од аспект на странски директни инвестиции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik