По 30 години, се гради нов мост на Пчиња на регионалниот пат Петровец-Свети Николе

Bez autora
Dec 10 2018

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, го означија почетокот на изградба на нов мост на реката Пчиња на регионалниот пат Петровец-Свети Николе. Мостот ќе биде со должина од 135 метри, широк 6 метри со две сообраќајни ленти. Инвестицијата е вредна 950 илјади евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта. Овој мост е од огромно значење за сите жители на Долно, Средно и Горно Коњаре, Живиње, Милиње, Сушица, В’ков, Винце, Пчиња и други населени места што гравитираат на овој регионален пат.

По 30 години, се гради нов мост на Пчиња на регионалниот пат Петровец-Свети НиколеМинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, го означија почетокот на изградба на нов мост на реката Пчиња на регионалниот пат Петровец-Свети Николе.

Мостот ќе биде со должина од 135 метри, широк 6 метри со две сообраќајни ленти. Инвестицијата е вредна 950 илјади евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.

„Овој мост е од огромно значење за сите жители на Долно, Средно и Горно Коњаре, Живиње, Милиње, Сушица, В’ков, Винце, Пчиња и други населени места што гравитираат на овој регионален пат. Ова е наше ветување и ќе го реализираме. Стариот мост на реката Пчиња е оштетен, неколкупати реконструиран, но заради одржување на безбедноста на гарѓаните и на сообраќајот, ЈП за државни патишта направи напор, изнајде средства и почна да го гради“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Покрај изградбата на мостот, ќе се градат и пристапни патишта до него што ќе го поврзуваат со регионалниот пат. Рокот за изградба е 15 месеци.

Според директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, во тек е изградба и реконструкција на неколку мостови на државни патишта со вкупна вредност од 507 милиони денари.

„Пос триесетина години, првпат се гради нов мост. Практично, ова ќе биде најдолгиот мост изграден досега. Ќе има две ленти со широчина од 2,95 метри и два тротоара со ширина од 1 метар. Со проектот е предвидено и регулација на коритото на реката Пчиња“, изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Министерот Сугарески потенцира дека овој проект е дел од инвестицискот циклус во патната инфрастуктура. Во моментот се реализираат проекти во висина од над 800 милиони евра за изградба и реконструкција на над 290 километри патна мрежа, што е историски највисока инвестиција во изградба и реконструкција на патната инфраструктура во Република Македонија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik