М-НАВ потпиша договор за набавка на најсовремен систем за контрола на летање

Bez autora
Dec 17 2018

М-НАВ потпиша договор со производителот „Леонардо“ од Италија за набавка и инсталација на најсовремен систем за контрола на летање, вклучувајќи и за техничко-оперативна сала за истиот, соопштија од Македонска навигација. Процесот на набавка се одвиваше во согласност со политиките и процедурите за набавка на ЕБОР и истиот беше следен и одобрен од нивна страна. Со потпишувањето на договорот, овој долготраен и комплексен процес денес беше успешно реализиран, велат од таму. ATM-системот е примарен систем на контролата на летање, преку кој се остварува основната услуга на М-НАВ, т.е. давање услуги на воздухопловна навигација во воздушниот простор на Република Македонија.

М-НАВ потпиша договор за набавка на најсовремен систем за контрола на летањеМ-НАВ потпиша договор со производителот „Леонардо“ од Италија за набавка и инсталација на најсовремен систем за контрола на летање (Аir traffic management – ATM), вклучувајќи и за техничко-оперативна сала за истиот, соопштија од Македонска навигација.

„Процесот на набавка се одвиваше во согласност со политиките и процедурите за набавка на ЕБОР и истиот беше следен и одобрен од нивна страна. Со потпишувањето на договорот, овој долготраен и комплексен процес денес беше успешно реализиран“, велат од таму.

ATM-системот е примарен систем на контролата на летање, преку кој се остварува основната услуга на М-НАВ, т.е. давање  услуги на воздухопловна навигација во воздушниот простор на Република Македонија.

Новиот АТМ-систем овозможува одржување на безбедноста на највисоко ниво, усогласеност со најновите технолошки стандарди, придонесува за подигнување на капацитетите, зголемување на ефикасноста на целиот систем и воедно ќе овозможи способност за успешно справување со очекуваниот зголемен обем на сообраќај.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik