Потпишан договорот за изградба на фотонапонска централа „Осломеј“, проект вреден околу 7 милиони евра

Bez autora
Jan 06 2019

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска присуствуваа на потпишување договор помеѓу директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер, и директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, за изградба на фотонапонска централа „Осломеј“. Најавивме економска година, и од тој аспект, ова е прекрасна можноста таа економска година да ја ставиме во функција, рече премиерот Заев на почетокот на своето обраќање по потпишувањето на договорот. Инвестицијата влегува во еден од најзначајните сектори, енергетиката, каде што, како што појасни Заев, имаме најголем потенцијал за подигање на бруто домашното производство, но секако и сериозен потенцијал да го покриеме недостигот на енергија во Македонија.

Потпишан договорот за изградба на фотонапонска централа „Осломеј“, проект вреден околу 7 милиони евраПретседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска присуствуваа на потпишување договор помеѓу директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер, и директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, за изградба на фотонапонска централа „Осломеј“.

„Најавивме економска година, и од тој аспект, ова е прекрасна можноста таа економска година да ја ставиме во функција“, рече премиерот Заев на почетокот на своето обраќање по потпишувањето на договорот.

Инвестицијата влегува во еден од најзначајните сектори, енергетиката, каде што, како што појасни Заев, имаме најголем потенцијал за подигање на бруто домашното производство, но секако и сериозен потенцијал да го покриеме недостигот на енергија во Македонија.

Исто така, тој го потенцираше и еколошкиот карактер на овој проект затоа што сонцето е единствениот ресурс што ќе се користи во произведувањето на електричната енергија.

„Значајно е што државата го повлекува првиот чекор, од она што следува, од преку 200 мегавати нови инвестиции во фотоволтаици или фотонапонска мрежа, којашто на повеќе локации низ државата, под раководство на Министерството за економија, вицепремиерот Анѓушев и мојот кабинет, односно советниците за енергетика, подготвуваме неколку локации за јавно-приватно партнерство за 200 мегавати и давање под концесија за сите заинтересирани кои ќе сакаат да инвестираат во ваквите енергетски обновливи извори на енергија“, изјави премиерот.

Овој заем, како што појасни премиерот Заев, е прв за ЕЛЕМ без државна гаранција и за него важат целосно пазарни параметри.

„Ова претставува пример како еден речиси заборавен објект, ТЕЦ ‘Осломеј’, полека ќе го претвориме од загадувачки објект во еколошки објект, кој ќе произведува чиста електрична енергија. Ова се само првите 10 мегавати, за кои потпишуваме договор за финансирање, за да бидат изградени. Таму ќе продолжи градењето и во наредните години со повеќе инсталирана моќност до 30-40 мегавати, како што е предвидено во инвестициската програма на ЕЛЕМ“, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Оваа влада, рече Анѓушев, согласно со Законот за енергетика, со кој се отвори простор за инвестиции во обновливи извори на енергија, ќе биде посветена за инсталирање колку што е можно повеќе мегавати инсталирана моќност во обновливи извори на енергија.

Тој во своето обраќање, исто така, најави владина интензивна офанзива во инвестирањето во енергетиката, споменувајќи неколку од проектите што ќе бидат инвестирани во таа насока.

„Во првиот квартал на 2019 ќе биде почеток на распишување тендери до 200 мегавати инсталирани капацитети во фотоволтаици, изградени на државно земјиште, но ќе дозволиме да се гради и на приватно земјиште доколку за тоа некој има интерес или има веќе подготовка. Исто така до крајот на годината ќе распишеме нов тендер со премиум тарифи и за еден ветерен парк до 50 мегавати.

Изградбата на далноводот кон Албанија ќе почне оваа година и ќе чини околу 50 милиони евра. Ќе се испроектира гасоводот кон Грција, што ќе значи интерконективно поврзување на Македонија и Грција, со што Македонија ќе престане да биде зависна од само еден извор на енергија. Имајќи ги предвид само овие проекти, имаме инвестиции во износ од повеќе од 250-300 милиони евра во делот на енергетиката“, објасни Анѓушев.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, пак, подвлече дека имплементацијата на проектот „Фотонапонска централа Осломеј“ ќе го зголеми учеството на обновливи извори на енергија во Македонија, со што ќе се придонесе за исполнување на стратешките определби на Република Македонија, согласно со меѓународните договори за учество на обновливи извори на енергија. Тој истакна дека ова е важна капитална инвестиција од ЕЛЕМ, која се совпаѓа со заложбите на Владата, но и со новиот закон за енергетика.

Бектеши потенцираше дека освен инвестициите со државните компании, ќе им биде дозволено и на приватните инвеститори да можат да инвестираат во фотонапонски централи.

„Ова е прв проект од фотоволтаично производство на електрична енергија во нашето портфолио, вреден околу 7 милиони евра, од кои 5,9 милиони евра се кредит од ЕБРД, а остатокот се средства на АД ЕЛЕМ“, појасни директорот Миновски.

„Просечното годишно производство би требало да изнесува 15 гигават часови, доволно за да задоволи 2000 домаќинства, појасни тој, и додаде дека ова не е важно само за АД ЕЛЕМ, туку има и социјален аспект и важност по заштита на животната околина“, додаде директорот на ЕЛЕМ.

Директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер, во своето обраќање посебно ја истакна улогата на Владата од значајниот тендер за соларна енергија, којшто претстои, а го води заменик-претседателот на Владата, Кочо Анѓушев, а, како што рече, тоа ќе покаже како со искористување на приватниот сектор може да се испорача чиста и евтина енергија за граѓаните на овој регион.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik