Засилени контроли во приватните фирми за исплатата на К-15

Bez autora
Jan 09 2019

Државниот инспекторат за труд прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Надзорот што почна од почетокот на годината ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајќи ги и фабриките за производство на текстил и чевли. Засилениот инспекциски надзор во областа на производство на текстил и чевли е од причини што најголем број преtставки во изминатите години беа од работниците во наведените дејности.

Засилени контроли во приватните фирми за исплатата на К-15Државниот инспекторат за труд прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Надзорот што почна од почетокот на годината ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајќи ги и фабриките за производство на текстил и чевли.

„Засилениот инспекциски надзор во областа на производство на текстил и чевли е од причини што најголем број  преtставки во изминатите години беа од работниците во наведените дејности. Напоменуваме дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно so законот и колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со закон“, велат од МТСП.

Од Министерството додаваат дека при инспекцискиот надзор ќе се проверува исплатата на регресот за годишен одмор (К-15), право коешто е утврдено со спогодба за изменување и дополнување на општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

Во спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Истовремено МТСП ги повикува работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд 15 131.

На вчерашната владина седница Владата го задолжи Државниот инспекторат за труд да изготви детална информација во однос на тоа како се спровела исплатата на регресот за годишен одмор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik