Осум нови рути од аеродромите во Скопје и Охрид со „Визер“

Bez autora
Jan 14 2019

Нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ објави дека од јули го додава својот петти авион „ербас A320“ во скопската база, како и дека годинава почнуваат осумте нови рути од македонските аеродроми, и тоа од Скопје до Карлсруе/Баден-Баден, Бремен, Ларнака и Турку и од Охрид до Малме, Милано Малпенса, Минхен Меминген и Дортмунд. Билетите за новите рути се веќе во продажба. Од компанијата наведуваат дека зголемувањето на флотата исто така ќе овозможи зголемување на бројот на неделни летови на постојните рути на „Визер“ од Скопје до Гетеборг, Хамбург, Келн, Малта и до Базел. Новата распределба на авионите е резултат на тендерот што го доби „Визер“ во јануари годинава. Компанијата почна со работа на меѓународниот аеродром во Скопје во 2011 година проширувајќи ја својата флота на четири авиони во текот на 8 години.

Осум нови рути од аеродромите во Скопје и Охрид со „Визер“Нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ објави дека од јули го додава својот петти авион „ербас A320“ во скопската база, како и дека годинава почнуваат осумте нови рути од македонските аеродроми, и тоа од Скопје до Карлсруе/Баден-Баден (Германија), Бремен (Германија), Ларнака (Кипар) и Турку (Финска) и од Охрид до Малме (Шведска), Милано Малпенса (Италија), Минхен Меминген (Германија) и Дортмунд (Германија).

Билетите за новите рути се веќе во продажба.

Од компанијата наведуваат дека зголемувањето на флотата исто така ќе овозможи зголемување на бројот на неделни летови на постојните рути на „Визер“ од Скопје до Гетеборг, Хамбург, Келн, Малта и до Базел.

Новата распределба на авионите е резултат на тендерот што го доби „Визер“ во јануари годинава. Компанијата почна со работа на меѓународниот аеродром во Скопје во 2011 година проширувајќи ја својата флота на четири авиони во текот на 8 години. Во јуни 2018 година два авиона „ербас A320“ на авиокомпанијата беа надградени со два „ербас A321“.

„Петтиот авион претставува уште една инвестиција од 101 милион долари од ‘Визер’ во македонското воздухопловство и ќе придонесе за создавање над триесет нови директни работни места со ‘Визер’. Со оваа најава компанијата сега нуди 38 рути до 16 земји од двата македонски аеродрома во Скопје и Охрид“, велат од компанијата.

Во 2018 година авиопревозникот превезе 1,4 милион патници на своите македонски рути, што претставува раст од 15 отсто годишно.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik